Калифорнија: Четворица убиени на забава, има и ранети! Се собрале во двор и гледале фудбал, а потоа напаѓачите отвориле оган на нив

Четири лица биле убиени во пукање кое се случило на една забава во американскиот град Фресно во Калифорнија, соопштила полицијата.

Во пукањето кое се случило на една забава во југоисточниот дел на градот, застрелани биле 10 лица. Три лица веднаш починале, а четвртата жртва починала во болница.

Полицијата соопштила дека шест од повредените закрепнуваат во болница, пренесува "AP".

"Тоа било собир на семејство и пријатели кои седеле во двор и гледале фудбал, кога непознати напаѓачи отвориле оган", соопштила полицијата.

Тоа било втор вооружен напад во неделата во Фресно, бидејќи претходно едно момче било убиено во друг дел на градот.

Полицијата не соопштила дали инцидентите се поврзани.

Top