Демонстрантите во Хонгконг погодиле полицаец со стрела во нога!

Еден полицаец во Хонгконг денес е ранет со стрела за време на судирите меѓу демонстрантите и полицијата.

Ранетиот полицаец бил распореден во кварт во близина на Политехничкиот универзитет. 

Полицијата објавила фотографии од својот припадник кој со стрела бил ранет во нога.

 

Во Хонгконг е забележан пораст на насилствата минатите седмици со интензивни улични судири на полицијата и демонстрантите, како и на судирите на универзитетите.

Антивладините протести влегле во шестиот месец.

 

 

Top