Суперхерој од Чиле: Со сообраќаен знак тргна против полицијата и стана вистински хит!

Маскиран мускулест човек кој се штити себеси со сообраќаен знак со натпис „Стоп“ за време на судирите со полицијата во Сантијаго, стана вирален хит на социјалните мрежи во Чиле.

Човекот е наречен „Паремен“ или „Капетан паре“ затоа што "Pare" на шпански јазик значи „Стоп“, а фотографијата ја направил фотографот на „Ројтерс“, Хорхе Силва на централната магистрала Аламеда.

„Беше многу впечатлива фигура на првата линија на протестите додека летаа камења, а полицијата користеше солзавец за да ги растера демонстрантите“, изјави фотографот Силва и откри дека човекот исчезнал меѓу толпата на демонстранти набрзо откако го фотографирал.

Хаштагот #PareMan стана еден од најпопуларните на социјалните мрежи во јужнеамериканската држава, а многумина го нарекуваат „суперхеројот на чилеанските протести“ кои инаку започнаа поради зголемувањето на цените на билетите за јавниот превоз.

View image on Twitter

„Постои нешто симболично во штитот на тој млад бунтовник што можеби не го сфатил во тоа време. Беше вовлечен во бес од кој никој денес не може да побегне, а тоа е само неговиот начин да се заштити“, изјави популарниот чилеански карикатурист и илустратор на стрипови, Гвидо Салинас.

Неколку карикатуристи, вклучувајќи го и Салинас, заедно со „Паремен“ го илустрираа и кучето наречено „Матапакос“, што е чилеански сленг за „убиец на полицајци“. Тоа куче, едно од многуте кучиња скитници во Сантијаго, со црвена марама околу вратот често присуствуваше на протестите во 2011-та година кога Чилеанците бараа бесплатно универзитетско образование и стана локална легенда.

View image on Twitter

„Матапакос“ го доби името затоа што покажуваше антипатија кон полицајците и додека тие се пресметуваа со демонстрантите, често лаеше и ги напаѓаше безбедносните сили.

Инаку, досега на протестите во Чиле загинаа најмалку 23 лица, повеќе од 1,650 демонстранти и 800 полицајци се повредени, а уапсени се над 7 илјади лица.

Top