Нападнат Иранскиот конзулат во Ирак (ВИДЕО)

Група од неколку десетици ирачки демонстранти го нападнале иранскиот конзулат во Карбала, од кој било симнато иранското знаме и заменето со ирачкото, јавува АП, повикувајќи се на сведоци.

Безбедносните сили во неделата пукале во воздух за да ги растераат демонстрантите кои фрлале камења и палеле гуми околу зградата во Карбала, во јужен Багдад.

Моментално нема информации за повредени во овој инцидент, кој се случил за време на протест во Багдад и во други провинции во јужниот дел од Ирак.

Ирачкиот премиер претходно ги повика демонстрантите повторно да ги отворат патиштата, истакнувајќи дека е „време животот да се врати во нормален тек“.

 

Top