Пекол на земјата: Во Сириски затвор се затворени 5.000 опасни џихадисти, имаат отворени рани и заразени се со сида!

Ужасните глетки од полниот затвор во Сирија, каде затворениците се заразени со тешки болести и слаби како болести, го шокирале целиот свет.

Тим од новинари на AFP добил редок пристап до еден од преполните затворски објекти на североистокот на Сирија, каде курдските сили ги чуваат осомничените припадници на ИСИС. 

Откако турската офанзива, започната против курдските сили на почетокот на овој месец, создала хаос во тоа подрачје, се стравува од опасноста затворениците да се најдат на слобода.

Мажите се натрупани во слабо утврдени затвори, како овој во Хасака, а имаат потекло од разни земји, кои не сакаат тие да се најдат на слобода, но и не сакаат да ги примат назад.

 

Со 5.000 затвореници - сириски, ирачки, но и британски, француски, германски - затворот е преполн со припадници на ИСИС. Групата е обвинета за извршување на ужасни злосторства на територијата која некогаш ја контролирале - дел од Ирак и Сирија, вклучувајќи масовни убиства, силувања, грабежи и мачења, а многу од нив и снимила поради пропаганда.

"Сакам да излезам од затвор и да се вратам дома кај своето семејство", вели Асел Матан. Ова момче го напуштило родниот Велс кога имало 17 години, за да се приклучи на својот брат во Мосул, северен ирачки град, каде е роден калифатот на ИСИС. Кога неговиот брат бил убиен, преминал преку сириската граница во Рака, второто главно одредиште на сега урнатиот калифат.

 

"Сакам да одам назад во Британија", рекол тој, додавајќи дека жали што некогаш одговорил на повикот на лидерот на ИСИС, Абу Бакр Ал Багдади.

Во затворот има многу тинејџери, а има и 9-годишно дете по име Калед. Никој од нив со месеци не бил надвор на свеж воздух, ниту го видел сонцето. Речиси третина од жителите на затворот се болни и потребно им е лечење за разни рани и состојби кои вклучуваат хепатитис и сида.

 

Само околу 300 од нив можат да ја минат ноќта во лекарско одделение, а меѓу нив е Абалах Нуман, 24-годишен Белгиец кој ја кренал својата маица за да ја покаже отворената рана.

"Моите органи се излеваат", вели тој објаснувајќи дека се здобил со рана од колега џихадист кој случајно го застрелал додека го чистел оружјето.

 

Новинарите на AFP морале да носат маски на лицата поради неиздржлива миризба.

Џихадистите речиси да немаат сознанија за тоа што се случува надвор, своите денови ги мерат само со помош на петте дневни муслимански молитви. Затворениците не слушнале дека американскиот претседател Доналд Трамп во неделата ја потврдил смртта на лидерот на ИСИС Абу Бакр Ал Багдади во американска рација на северозападот на Сирија.

"Тие немаат апсолутно никаков контакт со надворешниот свет", вели управникот на затворот кој се претставил како Серхат и побарал да не се објави точната локација на објектот.

 

Многу од затворениците се коска и кожа. Оние кои имале среќа имаат кревети, но повеќето од нив седат директно на под, од каде ги покажуваат своите ампутирани екстремитети и рани. Затворската клиника е подеднакво полна како и останатите ќелии. Многу од затворениците во оваа зграда, но и на уште шест локации во Сирија сами им се предале на курдските војници.

Курдските власти велат дека повеќе од 50 националисти се застапени во овие затвори во кои сега има повеќе од 12.000 осомничени џихадисти. Меѓутоа, на слобода има уште џихадисти. Како што вели Серхат, тие понекогаш проаѓаат до затворот и отвораат оган, само за на затворениците да им кажат дека уште се таму. Колку долго ќе постојат овие затвори, останува да се види.

Спроведувајќи ги новинарите по ходниците на затворот, на еден стражар му било непријатно да го крене отворот на вратите на некои ќелии.

 

"Овие се опасни", рекол тој. Понатаму, една ќелија е резервирана за тоа што пропагандата на ИСИС го користела за младинците на калифатот, односно за децата борци.

Како нивниот до неодамна главен сојузник е се понепредвидлив, а расте и притисокот од Турција, автономната администрација на сириските Курди одвај може да се заштити самата себе, а уште помалку затворениците со џихадисти. Курдските сили повеќе пати предупредиле дека турската инвазија - која станала реалност на 9-ти октомври - би можела да резултира со масовни бегства од затворот поради што на слобода ќе се најдат најлошите фанатични терористи на светот.

Според еден висок американски службеник, повеќе од 100 од нив веќе побегнале од курдските затвори. Серхат вели дека од Хасака уште не побегнал никој, иако некои затвореници започнале бунт за време на поделбата на оброкот пред еден месец, напаѓајќи ги стражарите откако еден затвореник се преправал дека не му е добро.

Басем Абдел Азим, 42-годишен Холанѓанец, бил ранет во воздушен удар и не може да ја користи десната нога. Се сеќава дека ја измамил сопругата заедно да отпатуваат во калифатот со ветување за одмор во Турција.

"Не и кажав, не сакав да се плаши", рекол Абдел Азим. Како што рекол, тој не знае каде е таа и нејзините пет деца сега.

"Би сакал да ја видам повторно. Може да ме обесат после тоа, само сакам да и кажам дека ми е жал што ја одведов во земја во војна", рекол тој.

Top