Американците ликвидираа еден од лидерите на терористите од Ал Каида

Лидерот на Ал Каида во индискиот потконтинент, Асим Умар бил убиен во воздушен удар на американските и авганистанските сили на југот на Авганистан кон крајот на септември.

Оваа вест за убиството на еден од лидерите на озлогласената терористичка организација денес ја соопштија од авганистанската разузнавачка служба (НДС).

„НДС може да ја потврди смртта на Асим Умар, лидерот на Ал Каида во индискиот потконтинент. Тој беше убиен во американско-авганистански воздушен напад на талибанска база“, објавија од НДС на социјалната мрежа Твитер.

Авганистанското министерство за одбрана уште на 23-ти септември извести за воздушниот напад на Муса Кали на југот на земјата. Тогаш беше соопштено дека е извршен напад на „засолниште кое го користат Талибанците и странски терористи - припадници на Ал Каида“.

На мета на воздушните напади била „група на странски терористи кои учествувале во подготовките на терористички напади“. Во нападот целосно била разурната базата заедно со сета опрема наменета за нападите.

Како што соопштија од НДС, во воздушниот удар загинал пакистански цивил и шест припадници на терористите, меѓу кои бил и извесен Раихан кој му бил курир на лидерот на Исламската држава, Ајман Ал Завахири.

Top