Ердоган не се шегува: Турција собира воени сили и опрема на границата

Турција пратила дополнителни сили и техника на границата со Сирија, во округот Акчакала, јавуваат медиумите, а снимките од војската и опремата се споделуваат на социјалните мрежи.

Турските дополнителни сили дошле откако претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган објавил дека планира операција против Сириските демократски сили, курдските формации поддржани од САД, јавуваат медиумите. 

Турскиот лидер Реџеп Тајип Ердоган претходно изјавил дека Анкара ги завршила подготовките, направила план и издала потребни наредби за операциите на северот на Сирија.

Како што се гледа на снимките и фотографиите, конвојот воени возила и автобуси наводно се движи кон сириската граница.

Забележано е и засилено присуство на хеликоптери во таа област.

Ердоган вчера рекол дека Турција ќе започне воена операција од воздух и од земја источно од реката Еуфрат во Сирија.

Како што наведува TRT, тоа е најдиректна најава за воена офанзива откако Анкара и Вашингтон одлучиле на североистокот на Сирија, покрај границата со Турција, да воспостават безбедносна зона.

Ердоган предупредил дека Анкара нема избор освен сама да тргне во реализација на формирање на зона за безбедност со оглед на малиот напредок во соработката со САД по тоа прашање.

По 8 години војна во Сирија, Анкара и Вашингтон се договориле да воспостават зона долж 480 километри од сириско-турската граница.

Турција планира да насели два милиони сириски бегалци во таа област, од каде би ја протерале милицијата на сириски Курди, која ја сметаат за терористичка организација, а која ја поддржуваат САД.

Top