Дали и како Америка стана деструктивен фактор, а Русија гарант за стабилност!?

Русија и САД ги замениле улогите на меѓународната сцена: додека Вашингтон се претвора во деструктивен фактор во светската политика, Москва станува нејзин "сив кардинал", напишала во својата статија за проектот "Синдикат" поранешната шефица на шпанската дипломатија, Ана Паласио.

По обединувањето со Крим и почетокот на операцијата во Сирија, Москва многумина ја сметале за деструктивен фактор во светската политика, но времето покажа дека таа навистина стана влијателен играч во меѓународната арена, смета Паласио. 

Со потпишувањето на Штајнмаеровата формула се отвора пат за нормализација на ситуацијата во Украина и воспоставувањето на врска меѓу Русија и Западот, што, според мислењето на поранешната министерка, е значајна победа за Москва.

Во исто време, Обединетите нации ја завршуваат работата на формирањето на комитет кој ќе се занимава со правење на нов устав на Сирија, што е во склад со планот кој го предложила Русија во 2018-та, укажува авторката.

Растот на влијанието на Москва е поврзано со тоа дека САД последните години ја губат лидерската позиција во меѓународната арена, констатира таа и како пример ја наведува ситуацијата со нападот на нафтените објекти во Саудиска Арабија - додека американскиот претседател Доналд Трамп пишувал воинствени твитови, Русија се претставила како потенцијален гарант за стабилноста во регионот.

 

Меѓународната заедница, како и претходно, ги смета САД за главен геополитички играч, што е повеќе работа на навика, а не логика. Вашингтон не покажува желба за лидерство, а истовремено излегува од многу меѓународни договори, што негативно влијае на ситуацијата во светот, пишува таа.

Притоа Европа, како што смета Паласио, во меѓународната арена е само систематски координатор, кој е важен за процесот на решавање на конфликтни ситуации.

"Како клучен глобален координатор, Европа треба да знае точно за што служат нејзините напори", заклучила Паласио.

Top