Трамп во ОН ѝ го украде шоуто на Грета: Снимката на која ја игнорира шведската тинејџерка

Кратката видео снимка на која се гледа како американскиот претседател проаѓа покрај младата активистка за климатските промени, Грета Тунберг во зградата на Обединетите нации, стана вирална.

На видеото кое го објави "Euronews" може да се види како првиот човек на САД ја игнорира 16-годишната Швеѓанка која остана зад него додека тој „упадна“ во зградата на Обединетите нации на самитот за климатските промени.

Иако не беше најавен, Трамп сепак пристигна на самитот, на кој главна ѕвезда беше младата Швеѓанка која во Њујорк пристигна со помош на едрилица. Сепак, американскиот претседател ја игнорираше и ѝ го украде шоуто во Њујорк, а видео снимката експресно се рашири на интернет.

Инаку, Доналд Трамп не верува дека глобалното затоплување е реален проблем во светот и е главниот виновник за повлекувањето на САД од исклучително важниот Париски договор за климатските промени.

Top