Жолтите елеци повторно на улиците во Франција

Неколку стотици демонстранти протестирале во францускиот град Нант, во период кога ширум Франција повторно заживеаа протестите на „жолтите елеци“, насочени против владата на францускиот претседател Емануел Макрон.

Полицијата употребила солзавец бидејќи некои демонстранти фрлале предмети кон нив.

Портпаролот на локалната префектура изјавил дека 21 лице е уапсено, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

 

На снимките од локалните телевизии се прикажани групи демонстранти во црно, кои се обидувале да обијат продавници и да влезат во полициските камиони со водени топови. Демонстрациите на „жолтите елеци“ започнале поради зголемувањето на данокот на горивото, и прераснаа во општ протест против Макрон и владата.

 

Макрон се обидел да ги ублажи тензиите со 17 милијарди евра наменети за мерки како зголемување на минималната плата, укинување на даноци и финансиска помош за сиромашните пензионери, но претседателот се соочува со нова рунда на гнев за реформата на пензискиот систем, која треба да спои 42 различни пензиски фонда во Франција во еден единствен систем.

 

Top