Бунтовниците ги погодија Саудијците таму каде што најмногу боли! Трамп се заканува со воен напад!

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека одобрил користење на американските нафтени резерви после нападите на саудиските нафтени постројки кои го преполовија производството на нафта во таа земја.

„Со оглед на тоа што нападот во Саудиска Арабија би можел да влијае на цената на нафтата, одобрив користење на нафтата од нашите стратешки резерви, во количина која ќе биде одредена и ќе биде доволна за да обезбеди добро снабдување на пазарот“, порача американскиот претседател Доналд Трамп.

„Им порачав на сите надлежни агенции да го забрзаат давањето на дозволи на сите нафтоводи на подрачјето на Тексас и во другите американски сојузни држави“, порача Трамп.

 

Цената на нафтата на светскиот пазар денес скокна за повеќе од 10%, односно забележан е највисок скок во последните 4 месеци, затоа што нападот со дронови на саудиските постројки од страна на Хути бунтовниците од Јемен, го намали производството на нафта во Саудиска Арабија за повеќе од 5 милиони барели дневно, или 5% од вкупното производство во светот.

Нападите со дронови на двете нафтени постројки на саудиската државна нафтена компанија „Арамко“ предизвикаа избувнување на големи пожари и намалување на саудиското производство за 50%.

 

Американците за нападите го обвинија Иран, нешто што официјален Техеран веднаш го отфрли, иако е јасно дека Иранците се големи сојузници на Хути бунтовниците од Јемен кои се одговорни за нападот. Трамп сугерираше дека САД се подготвени и за одмазда на тие напади.

„Саудиските нафтени извори се нападнати. Постојат причини поради кои веруваме дека знаеме кој е виновникот. Спремни сме за реакција во зависност од верификацијата, но чекаме од Саудијците да ни кажат кој го извел нападот и под кои услови ќе продолжиме понатаму“, порача Трамп.

Top