Цените паѓаат, берзите во хаос: Пад на цената на нафтата поради трговската војна меѓу САД и Кина!

Цените на нафтата денес паднале поради тоа што на сила стапиле нови царини во трговската војна меѓу САД и Кина.

Воведувањето на тие царини предизвикало загриженост од нови негативни последици по глобалниот раст и побарувачката за нафта. 

Цената на северноморската нафта "брент" паднала за 16 центи на 59,09 долари за барел, додека американската лесна нафта "WTI" поевтинила за седум центи на 55,03 долари за барел.

САД вчера почнале со воведување на 15-процентни царини на различни кинески производи, вклучувајќи облека, паметни часовници и телевизори со рамен екран, по што Кина вовела 5-процентна тарифа на американската нафта.

Тоа е прв пат на удар на тарифите да се најде нафтата, откако двете водечки светски економии пред повеќе од една година ја започнале трговската војна.

Енергетските компании во САД, девети месец по ред, го намалиле бројот на бушотини, на најниско ниво од јануари минатата година.

Меѓутоа, тоа што веројатно многу ќе ја заболи американската јавност е дека овие нови санкции ќе чинат едно американско домаќинство просечно околу илјада долари годишно.

 
Top