Како руските полицајци се пресметуваат со противниците на Путин?!

Видео снимката на која се гледа како руските полицајци удираат млада жена во стомак предизвика бес во руската и светската јавност.

Највлијателните Руси на социјалните мрежи започнаа да ја споделуваат видео снимката на која може да се види како двајца припадници на руската интервентна полиција ја влечат Дарија Сосновскаја кон полициското возило.

26-годишната Сосновскаја се обиде да се ослободи, по што еден од полицајците ѝ удри тупаница во стомакот, по што репортерот кој го снимаше инцидентот саркастично го нарече рускиот полицаец „херој“.

Девојката е меѓу 200-те демонстранти кои во саботата беа приведени поради учествување на протестите кои според властите од Москва се илегални.

На протестот кој поради притисокот на јавноста на крајот беше одобрен, се проценува дека присуствувале 60 илјади граѓани и станува збор за најмасовниот протест во изминатите 8 години, одржан во моментите кога рускиот режим на сите начини се обидува да ја намали моќта на опозицијата во земјата.

 

Познатиот пејач Егор Крид ја сподели снимката од инцидентот на својот профил на Инстаграм со 10,7 милиони следбеници, а истото го стори и Сергеј Лазарев, исто така популарен пејач кој има околу 4 милиони следбеници.

Сосновскаја која што присуствувала на дозволениот протест, изјави дека била уапсена откако се пожалила дека полицијата апси демонстранат кој имал некаков вид на инвалидитет. Откако контроверзната снимка се појави на социјалните мрежи, познатиот адвокат за човекови права, Павел Чиков понуди награда од 100 илјади рубљи за идентификување на полицаецот кој ја тепа девојката.

Top