Камерите снимиле што правел убиецот пред масакрот кој траел 7 минути

Снимките од надзорните камери прикажуваат што правел Конор Бетс неколку часа пред да почне да пука по луѓето во Дејтон.

Бетс пред пукањето минал повеќе од еден час во бар во кој влегол со сестрата Меган и еден пријател. 

Конор не се истакнувал премногу, седел на шанкот. На себе имал маица, бермуди и патики. На снимката не се гледаат панцирот и маската кои ги носел подоцна во текот на пукањето.

Како што се дознава, тројцата влегле во споменатиот бар во Дејтон во саботата навечер, во околу 23:09 часот. Бетс влегол прв и добил идентификациска нараквица, а по него и неговото друштво.

Полицијата соопштила дека мажот кој бил со убиецот е Чарлс Бирд. Утврдиле дека нема никакви показатели дека тој или сестра му на Бетс таа вечер биле свесни дека тој со себе носи оружје.

Околу еден час по влегувањето во барот, во 00:13 часот, Бетс покрај излезот разговарал со персоналот, а потоа излегол од кафулето. Бирд и Меган останале во клубот до 00:59 наутро, кога и тие го напуштиле објектот.

 

Полицијата додава дека на местото на снимката не може да се види било каква расправа меѓу Бетс и неговата сестра.

Потсетуваме, во околу 1 часот наутро во неделата, полицијата примила повик за пукање во центарот на Дејтон. Бетс со огнено оружје убил 9 луѓе, вклучувајќи ја и Меган.

Испукал 44 куршуми пред да го убијат полицајците.

 

Тејлор Мејбери, која била во барот кога се случило пукањето, изјавила дека се сокрила во тоалетот кога слушнала пукање.

"Слушнав неколку истрели и видов како сите клекнуваат на земја...Никогаш не сум искусила таков нешто па и јас истрчав кон тоалетот. Видов како луѓето се обидуваа да дојдат до излезот", рекла таа.

Меѓу последните влегла во тоалетот, каде се криеле и други луѓе. Рекла дека во тоалетот била околу седум минути.

Top