Пожарите во Сибир подметнати?! Откриено дека шумите биле запалени за да се прикријат криминални дејствија

Руското обвинителство соопштило вчера дека дел од големите пожари на Сибир се подметнати во обид да се прикрие илегално сечење на шумите.

"Откривме случаи на подметнување на пожари во регионот Иркутск, каде шумата изгледа е запалена за да се сокријат илегалните сечења", рекол Александер Куреној, портпарол на главниот обвинител. 

Куреној исто така ги обвинил регионалните власти дека "ги лажирале податоците за големината на пожарот, што довело до бавен одговор во решавањето на проблемите".

Истовремено, министерството за вонредни ситуации објавило дека голем број на пожари беснеат покрај патот и дека се верува дека ги предизвикале луѓе кои "не се внимателни со пожар".

Потсетуваме, денови наназад критичарите на рускиот режим ги напаѓаат властите за бавната реакција, со оглед на тоа дека првите денови пожарот не бил ни гасен.

 

Руското министерство за вонредни ситуации објавило дека површината на пожарот е намалена за четвртина, со 3,1 милиони хектари, колку што биле под оган според податоците на руската Агенција за шумарство. Меѓутоа, рускиот огранок на "Greenpeace" располага со други информации.

Според нивните проценки огнот зафатил површина од 4,3 милиони хектари. Оваа организација за заштита на животната средина објавила и дека во воздухот била емитувана количина на јаглерод диоксид која за една година ја испуштаат 36 милиони автомобили.

 

 

Top