Ердоган откри која е следната цел на Турција: Тоа нема да им се допадне на Американците!

Откако Турција започна да ги добива батериите на против-воздушниот систем „С-400“ од Русија, сега турскиот претседател најави нов заеднички проект на Москва и Анкара.

Следната цел на Турција, после купувањето на против-воздушниот систем „С-400“ од Русија, е заедничкото производство на воздушните одбранбени системи со Русија, а ова го потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.

„Некои велеа дека нема да можеме да го добиеме против-воздушниот систем „С-400“ и дека нема да можеме овој систем да го распоредиме на наша територија, но тие системи веќе почнаа да пристигнуваат“, изјави турскиот претседател.

 

Ердоган, меѓу другото најави дека следен чекор ќе биде заедничкото произиводство.

„Некои велат дека тоа е погрешно. Но, нашата следна цел е заедничкото производство со Русија“, изјави Ердоган на собирот по повод три години од неуспешниот обид за воен удар во Турција.

 

Турскиот претседател не прецизираше што точно заеднички би развивале Турција и Русија, но тоа сигурно нема да им се допадне на Американците, инаку стратешки сојузници на Турција од НАТО Алијансата.

Официјален Вашингтон не го криеше незадоволството од турското купување на рускиот против-ракетен систем и се закани дека ќе бидат воведени санкции против Турција.

Top