На Калифорнија ѝ се заканува мега земјотрес кој ќе ја срамни со земја!

По земјотресот од 6,4 степени по Рихтер кој ја погоди јужна Калифорнија на 4-ти јули, жителите на тоа подрачје велат дека тоа било еден од најдолгите земјотреси кои ги доживеале. Меѓутоа, веќе следното утро следел уште пожесток потрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала.

По овие два силни земјотреси, Калифорнија во паника очекува уште еден земјотрес, “Голем земјотрес” од катастрофални размери кој би можел да се случи на раседот Сан Андреас. Оваа недела била само еден потсетник. 

Џејсон Корона, сопственик на семеен ресторан во Риџкрест, во близина на епицентарот на земјотресот, рекол дека ја преброделе таа ужасна ноќ.

“Бевме во страв дека по тој мал, ќе следи Голем земјотрес”, изјавил Корона.

Жителите на ова подрачје биле вознемирени по медиските написи дека набрзо ги очекува следен, многу посилен и поразорен земјотрес. Калифорниската радио станица, кон почетокот на годината објавила емисија во која жителите на Калифорнија ги припремила за потенцијално разорувачки земјотрес.

Со тоа чувство на константно исчекување на нов земјотрес, секојдневно се соочуваат жителите.

Геолозите меѓутоа пробуваат да ги смират вознемирените граѓани и тврдат дека опасноста од Голем земјотрес во раседот Сан Андреас “најверојатно прошла”. На тоа подрачје, катастрофалните потреси се случуваат на секои 150 години, пишуваат “Geological Survey”.

Голем земјотрес на тоа подрачје се случил во 1857 година, па така се смета дека јужниот дел од тој расед е “најверојатно локацијата на новиот потрес” и следните години. Земјотрес со магнитуда од 7,9 степени кој го погодил Сан Франциско во 1906 година значи дека шансата дека такво нешто ќе се погоди е помала.

“Минатонеделните потреси најверојатно нема да ја зголемат можноста за голем земјотрес на тоа подрачје”, велат сеизмолозите. “Тие се случиле во близина на Риџкрест, северно од раседот. Но, и не го исклучуваат”, смета д-р Луси Џонс од калифорнискиот технолошки институт.

“Шансата за таков земјотрес е два отсто секоја година, или 1:20.000 за секој ден. Меѓутоа, секогаш мора да се биде спремен за Големиот земјотрес”, вели таа.

Еден од жителите изјавил дека повеќето луѓе кои живеат во Калифорнија не се спремни за разорен земјотрес. Тие во паника припремаат залихи на вода и храна, како и други резерви. За разлика од него, Бет Мекој од Глендор вели дека не е премногу загрижена.

“Јас сум градежен инженер, па затоа сум и свесна за ризикот. На мојот сопруг му беше смешно и забавно што ги проверував темелите кога ја купувавме куќата”, изјавила таа.

Во последните години, многу работи се смениле во изградбата за да се намали делувањето на потресот и можно уништување. Зградите дополнително се зацврстуваат за да ги издржат земјотресите. Во октомври 2015 година, Лос Анџелес прифати низа сеизмички регулативи кои бараат илјада згради да бидат дополнително зацврстени за да можат да го издржат силното тресење на тлото. Сан Франциско прифатил сличен закон во 2013 година.

Во меѓувреме, државата работи и на систем за --- , а гувернерот Гавин Нивсем изјавил дека системот е околу 70 отсто комплетиран, но мора сè уште да се работи на него и потребно е секој посебно да се припреми на тоа.

Родителите особено работат на припрема на децата кои се учат да не паничат, да следат сè што се случува и да бидат во контакт со семејството. Оние кои се спремни за таквата катастрофа, чуваат доволни залихи на вода и сува храна во гаражите.

“Знаеме колку е тоа опасно, но не можеме постојано да живееме во страв”, вели Алберт Ади, татко на четири деца. За него тоа е ризик кој мора да го поднесат оние кои живеат на место со прекрасно време и добри прилики за работа.

“Тоа е тој ризик кој мора да го прифатиме додека живееме тука и се надеваме дека сè ќе биде во ред”, додал таткото.

 

Top