Зошто јавноста воопшто не знае дека по една климатска катастрофа се случува секоја недела?

Природните катастрофи кои во најголем дел се предизвикани од климатските промени, се случуваат во просек најмалку по еднаш неделно.

Иако голем број од нив завршуваат на насловните страници на светските медиуми, сепак за уште поголем број воопшто не се известува. Со оглед на тоа што има мал меѓународен интерес, потребно е нешто да се направи за земјите во развој да се подготват за последиците кои овие катастрофи ги носат, предупредуваат од Обединетите нации.

Природните катастрофи како што се циклоните „Идаи“ и „Кенет“ во Мозамбик или сушата која ја погоди Индија, се најдоа во сите светски медиуми, меѓутоа голем број на „помали катастрофи“ кои носат смрт, раселување и страдање на локалното население насекаде низ светот, минуваат незабележано и се случуваат се повеќе и повеќе.

 

„Ова не е прашање за иднината, туку за сегашноста“, вели Мами Мизутори, генерална секретарка при Обединетите нации за намалување на ризикот од катастрофи.

Според Обединетите нации, ова значи дека прилагодувањето на климатските промени мора да се случи што е можно поскоро, а луѓето спороед Мизутори мора повеќе да говорат за адаптацијата и стекнувањето на отпорност.

Се проценува дека климатските катастрофи секоја година чинат по 520 милијарди долари, а дополнителните трошоци за изградба на инфраструктура отпорна на ефектите на глобалното затоплување изнесуваат само 3% од оваа бројка, односно само 2,7 милијарди долари.

 

„Тоа не се многу пари, но никој не инвестира пари во таква инфраструктура. Мора да платиме за отпорноста“, изјави таа.

Фокусот во борбата против климатските промени досега беше во намалувањето на емисиите на штетните гасови, а прашањето околу адаптирањето на последиците го зазема второто место.

„Повеќе нема време. Ако не се адаптираме, нема да преживееме“, изјави Мизутори.

Top