Стари другари: Путин не можел а да не се сретне со Берлускони!

Претседателот на Русија, Владимир Путин, по официјалната програма на својата посета на Италија, на аеродромот во Рим одржал краток, пријателски состанок со својот пријател, поранешен премиер и претседател на партијата Напред Италија, Силвио Берлускони.

Путин и Берлускони ги врзува долгогодишно пријателство. 

Во интервјуто пред посетата на Италија, Путин 82-годишниот политичар го нарекол по прво име, истакнувајќи дека "тој е политичар од светски размери, вистински лидер, кој цврсто ги брани интересите на својата земја на меѓународната сцена".

Рускиот лидер пристигнал на аеродромот по официјалната вечера. Менито било базирано на роба. Како предјадење била послужена риба со морски плодови. Како прво јадење се служела паста со мали октоподи, шкампи и школки. Како главно јадење бранцин со зеленчук, а за десерт сладолед и јагоди.

Претседателот на Русија во четвртокот бил во официјална посета на Италија, во текот на која се сретнал со римскиот папа, претседателот на Италија Серџо Матарела и претседателот на Советот на министри, Џузепе Конте.

Подоцна во вилата за приеми на италијанската Влада била одржана вечера на која биле претставници на руско-италијанскиот Форум за дијалог на цивилното друштво.

 

Top