Погледнете ја рацијата на специјалците на ФСБ за разбивање на исламска ќелија

Во големата акција биле уапсени две лица за кои постоело сомнение дека ја финансираат исламската држава, соопштија од рускиот Истражен комитет.

Претресите биле извршени во Москва, во Московската област, Краснојарскиот крај, Астраханската област, во Ставрополската област и Дагестан. Со истрагата било утврдено дека од 2014-та до 2017—та година, припадници на таканаречената Исламска држава, граѓани на Русија кои се наоѓале во Сирија, ја финансирале терористичката организација.

Жителите на Дагестан во повеќе региони организирале собирање на пари преку платни системи и банкарски картички, како и префрлување на средствата на сириската територија која била под контрола на џихадистите на Исламската држава.

Според информациите на Истражниот комитет, осомничените успеале да соберат околу 8 милиони рубљи, што е околу 111 илјади евра, од 200 луѓе од Севернокавкаскиот, Јужниот, Централниот, Северозападниот, Сибирскиот и Уралскиот федерален округ.

За време на рациите кои ги спровеле специјалците на ФСБ, во Московската област биле уапсени две лица, а операцијата продолжува.

Top