Мистериозното убиство на германскиот политичар уште ја тресе Германија: Приведен млад маж кој тврди дека со Либке бил во приватна врска

Поради мистериозното убиство на германскиот политичар Валтер Либке, кој бил пронајден мртов пред седум дена во дворот на својот дом, приведен бил еден маж.

Германските медиуми јавуваат дека станува збор за помлад маж, кој рекол дека бил во приватна врска со Либке. 

Полицијата верува дека Либке, шефот на регионалниот совет во Касел, од редовите на владејачката CDU, бил убиен со еден куршум директно во глава.

Како што пишува "Frankfurter Allgemeine Zeitung", инспекторите се уверени дека го идентификувале осомничениот откако ги прегледале сите податоци и документи на Либке, вклучувајќи го и неговиот мобилен телефон.

Полицијата отфрлила самоубиство и се верува дека станува збор за политички мотивирано убиство поради смртните закани кои му биле пратени откако и се спротивставил на крајната десница.

Телото на Либке е пронајдено на 2-ри јуни по полноќ во дворот на неговата куќа во селото Истха. Зад себе оставил жена и две деца.

Top