Кока-Кола ја претстави рамазанската кампања во Норвешка со симболот на полумесечина

Кока-Кола во Норвешка ја претстави рамазанската кампања со необична промена, односно додаток на своето нашироко познато лого.

Компанијата го додала симболот на полумесечина, еден од најпрепознатливите симболи на исламот и муслиманите, на логотипот на Кока-Кола. 

Сепак, овој потег на една од најголемите компании на светот наишол на поделени реакции. Додека во поединци го разбудил “успиениот” расизам, други ја обвиниле компанијата дека ги искористува малцинствата поради профит.

Муслиманската заедница во Норвешка брзо се развива и денес сочинува 5,7 отсто од вкупното население, поради што Кока-Кола одлучила да го одбежели муслиманскиот свет месец рамазан со својата кампања.

 

Компанијата за производство на газирани пијалаци во светот веќе долго време се поврзува со божиќна иконографија, особено поради кампањите во текот на христијанските празници во зимските месеци.

Top