Макрон: Франција не е за блокада на Huawei и технолошка војна

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека целта на Франција не е блокада на Huawei ниту пак започнување на било каква технолошка војна, еден ден откако американската влада го ставила кинескиот телекомуникациски гигант на “црната листа”, известува Reuters.

Нашиот пристап не е блокирање на Huawei или било која друга компанија, туку зачувување на нашата национална безбедност и европскиот суверенитет. Мислам дека сега започнувањето на технолошка војна или трговска војна… не е вредно “, изјавил Макрон денес во обраќањето на почетокот на тридневниот состанок ”VivaTech” во Париз.

Британската агенција оценува дeка ставањето Huawei на “црната листа” претставува дополнителен запалив елемент во трговскиот спор помеѓу САД и Кина.

Top