Американците упаднале на територија на Венецуела! Повеќе никој не може да го спречи тоа што следува

Американската полиција ги уапсила последните четворица активисти кои ја штителе Амбасадата на Венецуела во САД од приврзаниците на венецуелската опозиција, соопштила една од активистките, Мадеја Бенџамин.

"Полицијата уапсила четворица преостанати луѓе во Амбасадата на Венецуела, кои биле во групата за заштита на Амбасадата. Тоа е целосно нарушување на Виенската конвенција. Срамота!", напишала активистката на Твитер. 

Бенџамин претходно соопштила дека американската полиција влегла во Амбасадата за да уапси луѓе кои протестираат против заземањето на тоа здание.

"Полицијата сега упаѓа во Амбасадата за да ги уапси приврзаниците на "Колективот за заштита на Амбасадата", напишала Медеја на Твитер.

Тоа е втор упад на американската полиција во Амбасадата на Венецуела. Претходниот пат припадниците на полицијата во зданието на дипломатската мисија влегле на 14-ти мај. Амбасадата на Венецуела се наоѓа во Џорџтаун, една од најпрестижните населби во Вашингтон. Минатите неколку седмици во зданието се наоѓаат и американски невладини активисти, кои го поддржуваат законскиот претседател на Венецуела, Николас Мадуро.

Венецуелските дипломати претходно го напуштиле САД на барање на Стејт Департментот.

Мадуро им се заблагодарил на американските активисти, изразувајќи длабоко восхитување за заштитата на венецуелската Амбасада. Венецуелскиот претседател претходно рекол дека претседателот Доналд Трамп е одговорен за нарушувањето на неприкосновеноста на Амбасадата на Венецуела во Вашингтон.

Во Венецуела на 21-ви јануари почнале масовни протести против Мадуро. Претседателот на Парламентот на Венецуела, Хуан Гуаидо, на 23-ти јануари се прогласил за шеф на државата.

САД и низа други држави го признале Гуаидо и бараат од претседателот на Венцуела, Николас Мадуро, кого не го сметаат за легитимен шеф на државата, да не дозволува насилни акции против опозицијата. Мадуро го нарекол Гуаидо марионета на САД. 

Top