Кој ќе биде новиот претседател на Европската комисија?

Шестмина водечки кандидати за новиот претседател на Европската комисија, ќе учествуваат во дебатата која вечерва во живо ќе се пренесува ширум Европа.

Пред европските избори, кои ќе се одржат од 23-ти до 26-ти мај, на европските гласачи ќе им се претстават Манфер Бевер, пред Европската народна партија, Франс Тимерманс, водечки кандидат од социјалндемократите, Маргарет Вестагер пред Алијансата на либералите и демократите за Европа, Ска Келер од групата на Зелените, Јан Захрадил од Алијансата на реформистите за Европа и Нико Куе пред Европската левица.

Кандидатите ќе разговараат за шест однапред утврдени теми, почнувајќи од миграција, невработеноста во Европа, климатските промени, па сè до даночната политика и конкурентноста, меѓународната трговија и улогите на ЕУ во светот, до прашањата за популизамот, демографскиот јаз и релевантноста на институциите.

Според правилата воведени на претходните избори во 2014-та година, водечките европски политички групи ги номинираат своите кандидати, т.н. водечки кандидати за местото на претседател на Европската комисија.

 

По правило, тоа место би требало да му припадне на кандидатот чија партија ќе освои најголем број места во Европскиот парламент, бидејќи е поддржан од Европскиот совет и е изгласана од мнозинството членови на Европскиот парламент.

Се очекува конзервативната Европска народна партија, (ЕПП) и овој пат да добие прилика од своите редови да именува претседател на Европската комисија.

Иако во ЕУ моментално се води дебата околу начинот и условите за избор на идниот претседател на Комисијата, се очекува дека германскиот пратеник и лидер на групата ЕПП во Европскиот парламент, Мафред Вебер, во ноември би можел да го замени некогашниот премиер на Луксембург, Жан-Клод Јункер, како претседател на Европската комисија. 

Top