Гробница стара 4.500 години открила две мумии, но и многу детали за Египет кои досега не ги знаевме

Археолозите во Египет, во близина на пирамида, откриле гробница стара 4.500 години, а двете пронајдени мумии внатре припаѓаат на високосвештеници од времето на фараонот Кефрен, кој со Египет владеел 25 години, од 2558-та до 2532-та година пред нашата ера.

Посмртните пронајдоци припаѓале на двајцата највисоки државни официјални лица во стариот Египет, кои биле сведоци на градењето на втората најголема пирамида на светот – пирамидата на Кефрен, висока 136,4 метри, на најголемата пирамида на фараонот Кеопс, а потоа и на Големита Сфинга, за која модерната египтологија смета дека е изградена во времето на владеењето на овој фараон.

Најголемата пирамида на светот била висока 145,75 метри, со странични квадратни бази од 229 метри, а била изградена од 2.300.000 камени блокови, тешки повеќе од два тона.

Многу експерти сметаат дека Старите Грци биле шокирани кога наишле на толку огромна градба и дека таквите фараони не можеле поинаку да ги опишат, освен како сериозно пореметени луѓе.

Сепак, тоа што тогаш го виделе во Египет било сосем поинакво од она на што дотогаш биле навикнати.

„Тоа било митско суштество со тело на лав и глава на маж. Меѓутоа, Грците, кога наишле на монолит кој бил врежан на местото од каде што се вадел каменот, со такви димензии, чудото најмногу потсетувало на Сфинга. Денес работите се појасни и последното откритие кај Гиза фрла друго светло на минатото од пред 4.500 години“ - изјавил египетскиот археолог Захи Хавас.

 

„Да се открие гробница од Старото кралство (од 2686-та до 2181-та година пред наша ера) е многу важен пронајдок. Тоа ни кажува нешто за луѓето кои го одржувале култот кон кралевите. Од друга страна, од посебна важност се и луѓето кои ги граделе тие гробници. Тоа ни покажува на фактот дека луѓето кои ги граделе тие пирамиди не биле робови туку Еѓипќани“ – изјавил Хавас.

Мустафа Вазири, археолог и генерален секретар на советот за антиквитети во Египет, вели дека оваа година откриле мноштво на гробници ширум светот.

 

„Ова подрачје за мене и за мојот тим е многу важно. Тука зборуваме за пирамидите, за неистражено подрачје кое никој не го “допрел“ стотици години. Тоа што денес можете да го видите во Египет, не претставува ни 40 отсто од тоа што Египет го крие во себе“ – рекол тој.

„Почнавме во август, 2018-та година, и истражувавме околу 450 метри кубни материјал. Ја откривме гробницата на Старото кралство, поточно од петтата династија... Откривме многу ковчези, древни, квалитетно обоени и украсени. Во гробот имаше двајца мажи. Еден од нив беше Пехенвик, кој имал многу титули. Бил високосвештеник. Другиот се викал Нуи и имал пет титули. Нуи бил таен чувар на богот Кефре.“

Top