Венецуела пред голема војна: Гваидо ги отвори картите, побара директна врска со американската армија!

Самопрогласениот привремен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо откри дека денес му дал инструкции на својот претставник во Вашингтон веднаш да воспостави односи со американската армија.

Главниот опозиционер и најголем противник на венецуеланскиот претседател Мадуро, Хуан Гуаидо изјави дека побарал од својот амбасадор Карлос Векио да отвори „директна комуникација“ со американската армија за евентуална „координација“.

Гуаидо кој што има поддршка од САД, јужноамериканските земји и голем број на европски земји (вклучувајќи ја и Македонија), веќе неколку години води кампања за симнување од власт на претседателот Николас Мадуро.

Гуаидо изјави дека „сите опции се отворени“ кога станува збор за симнувањето од власт на Мадуро, со што практично тој ги повтори истите зборови на американскиот претседател Доналд Трамп и американскиот државен секретар Мајк Помпео кои најавија и можна воена интервенција во Венецуела.

Опозицискиот лидер Гуаидо говореше пред неколку стотина луѓе кои се собраа во главниот град Каракас да го поддржат во енговите напори да го сруши од власт социјалистичкиот претседател Николас Мадуро.

 

Сепак, според аналитичарите, се помалиот број на луѓе кои што излегуваат на неговите митинзи откриваат дека опаднал моралот меѓу неговите поддржувачи после неуспешниот воен удар кој беше организиран на 30-ти април.

Токму поради тоа, но и поради фактот што највлијателните генерали во венецуеланската армија и натаму му се лојални на Мадуро, Гуаидо сега се обидува да ја искористи поддршката што ја има во моментов и притиска за поголема вклученост на Американците во симнувањето од власт на Мадуро – процес кој веројатно нема да исклучи воена интервенција, односно избивање на голема војна во јужноамериканската држава.

Top