Моќната лимузина на Путин е спремна за парада: Кабриолетот Аурус тежи 6 тони!

Новата руска лимузина со подвижен покрив на претседателот на Русија, Владимир Путин, вредна 120 илјади фунти (140 илјади евра), беше провозена денеска низ Москва во текот на пробата за парадата по повод Денот на победата.

Новиот модел наречен “Аурус кабриолет” тежок 6 тони со V8 мотор, ќе започне со продажба оваа година. Аурус, чие име се состои од делови на латинскиот назив за злато (аурум) и Русија, бројни стручни магазини го опишуваат како копија на Rolls-Royce. 

Пробата е одржана во пресрет на парадата во четврток, кога по Црвениот плоштад ќе маршираат трупи на руската војска, а ќе биде претставено и најновото вооружување.

 
 

 

Top