Големо откритие на археолозите: Со ласери и радари открија што се крие под Алкатраз

Археолозите со помош на најновата технологија ги потврдија долгогодишните сомнежи на историчарите, дека познатиот затвор Алкатраз е изграден врз воени утврдувања од времето на американската граѓанска војна.

Локалните медиуми пренесуваат дека археолозите со користење на ласери и радари, откриле низа на простории и тунели под затворот Алкатраз каде што издржуваше казна познатиот мафијашки бос Ал Капоне.

Археолозите користеле историски мапи и фотографии од островот, па со помош на модерната технологија успеале да докажат дека затворот е изграден врз воени утврдувања.

 

Биле пронајдени целосно затрупани градби, складишта на муниција и бројни тунели. Историчарите веруваат дека работниците во 20-тиот век го граделе затворот врз веќе постоечките градби од времето на американската граѓанска војна.

Алкатраз стана можеби и најпознатиот затвор на светот и со децении во минатото важел за најстрого чуваниот затвор. Поради тоа, бројни истакнати криминалци од американското подземје завршиле во затворот кој е изграден врз карпа.

Top