Вознемирувачко видео: Двајца мажи од Јемен силувале дете па крвнички го убиле

Јемен е една од малкуте земји во светот во која смртната казна е легална, а дури и децата присуствуваат на нејзиното извршување. 28-годишниот Рефат и 31-годишниот Калед се осудени за киднапирање, силување и убиство на дете кое било киднапирано откако си играло покрај домот на еден од мажите. 

Двајцата наводно го внеле во куќата и го силувале. При изрекувањето на пресудата, судијата рекол: "По силувањето, не можеле да го сопрат плачот на детето кое молело за помош, па еден му забил нож и му го скршил вратот". Сите пресуди за смртна казна мора да ги ратификува претседателот на Јемен, и обично вклучуваат стрелачки одред.

Прекршоците обично се насилни дела како што се убиство, силување и тероризам, но смртната казна може да се користи и за дела кои се спротивни на шеријатскиот закон, како што се неверство и богохулие.

Тројца други мажи претходно биле убиени и обесени на кран за слично злосторство со дете. Уште еден педофил кој силувал 4-годишно девојче, исто така бил застрелан, а потоа обесен за сите да го видат.

Директорката на "Human Righst Watch" го осудила изрекувањето на пресудата во Јемен.

"Јавното извршување е уште поголемо кршење на човековите права, посебно во земја во која да се добие адекватно правно застапување е ограничена работа", вели таа.

Top