Русија го вооружува несовладливиот носач на авиони, го има цел Балтик во дострелот, но и Германија

Откако во одговорот на собирањето на НАТО силите на Балтикот и поставувањето на антиракетниот штит со дефанзивно-офанзивни ласери Mk41 VLS во Полска, Русија распоредила засилувања и тактички системи Искандер во регионот Калињинград, Варшава тврди дека Москва ја враќа реториката од Студената војна, бидејќи повторно систематски и доследно ја вооружува својата балтичка енклава од која ги отстранила стратешките сили по распадот на Советскиот сојуз.

Калињинград повторно станал руски несовладлив носач на авиони, вели во интервјуто за Полско Радио, Ана-Марија Дајнер, експерт на полскиот Институт за меѓународни работи. 

Во последните неколку денови руските медиуми потврдиле преместување на тенковскиот полк во Калињинградскиот регион, каде нивниот број ќе се зголеми од 40 на 130, пишува "Полско Радио".

"Русија го зголемува својот тенковски контингент во Калињинградскиот регион. Во текот на советските времиња таму имаше една тенковска дивизија. Потоа долго време регионот беше разоружен, а сега повторно се вооружува", вели Дајнер.

Политичката аналитичарка додава дека во енклавата ќе влезат или надградените тенкови T-72 или T-90. Но, иако тоа се модерни тенкови, не се инфериорни во однос на најновите Леопарди, рекла таа.

Меѓутоа, тоа е само дел од сложените акции на Русија во Калињинград. Ако ја земеме во предвид можноста за поставување на ракетни системи од среден дострел, вклучувајќи ги и оние способните за носење на нуклеарни боеви глави, јасно се гледа дека нивото на безбедност во Европа радикално може да се промени, објаснува таа.

Аналитичарката исто така потсетува дека Русија систематски го вооружува Калињинградскиот регион. Во текот на годините го опремила Калињинград со крајбрежните одбранбени системи Бал и Бастион, ракетниот систем Искандер, како и системот за противвоздушна одбрана S-400. Пред една година таму имало распоредување на единица со 36 авиони, во главно модернизирани Su-27. "Поради тоа Калињинград е повторно актуелен", нагласила таа.

На Калињинград секогаш се гледало како на стратешки важно подрачје, бидејќи од таму Русија има можност да влијае на сите балтички и скандинавски земји, делумно и на Геранија и Полска. На Русија и дава голема предност на Балтичкото море и го штити пристапот до Санкт Петербург и Финскиот залив.

Аналитичарката забележала дека Русија последните години значајно ја засилила целата Западна воена област во Калининград. Ова е најнапреден округ, кој на Русија и дава можност за вршење на копнени операции против Полска и Литванија, тврди Дајнер.

Кон средината на јануари било објавено дека ракетниот брод "Каракурт" е придружен од Балтичката флота, чиј дел се наоѓа во Балтикот. Според извештаите на медиумите, "Каракурт" неодамна тестирал крстаречки проектили Калибар и противбродски проeктил Оникс. Руските медиуми известиле дека проектилите "Калибар" може да дојдат до цели оддалечени на 2.500 километри и тешко е да се откријат со противракетна одбрана, додека проектилите Оникс се користат за уништување на морски цели, меѓу другото и за тешки гранатирања.

"Дострелот на 2.500 км на големо ја менува стрешката ситуација во регионот. Тука зборуваме не само за системот Калибар, туку и за системите Искандер, бидејќи според мислењето на експертите, тие може да бидат опремени со нуклеарни боеви глави, што во целост би ја променило ситуацијата во регионот", рекла Дајнер.

"НАТО долги години зборува за заштита на Сувалскиот премин, најкраткиот пат за поврзување на Белорусија со Калининградскито регион", објаснила таа.

"Русија го засилува воениот арсенал со причина. Теоретски тој би требало да одговори на секоја закана, но Москва покажува дека да има и голем офанзивен потенцијал", додала таа. "Не се работи само за оружје. Русија ја враќа реториката од Студената војна", уверена е Ана-Марија Дајнер.

Top