Раскол во ЕУ! Франција и Италија во судир, Париз ја повлекува амбасадата од Рим !

Откако Луиџи ди Мајо, заменик премиерот на Италија, се состанал со претставниците на движењето "Жолти елеци", Франција одлучила да го повлече својот амбасадор од Рим.

Французите го повикале својот амбасадор на консултации. 

Франција претходно го предупредила италијанскиот заменик премиер Луиџи ди Мајо да не се меша во политиката на таа земја, откако се сретнал со претставниците на француските Жолти елеци.

"Оваа нова провокација е неприфатлива меѓу соседните земји партнерите во срцето на Европската унија", рекол францускиот министер за надворешни работи.

Ди Мајо, лидерот на популистичкото движење Пет ѕвезди, се состанал со двајца лидери на антивладиниот протест во вторникот.

Објавил и фотографија со лидерите не Жолтите елеци, Кристоф Шелонсон и Ингрид Лувевасер, кои ја предводат листата на Жолтите елеци за претстојните избори за Европскиот парламент кои се одржуваат во мај.

Состанокот бил одржан во Париз.

Односите меѓу Франција и Италија се тензични откако движењето Пет ѕвезди и десничарската партија дошле на власт во Италија во јуни 2018-та година.

Потсетуваме, Ди Мајо на почетокот на јануари, на блогот на движењето Пет ѕвезди напишал "Жолти Елеци, не попуштајте".

"Движењето Пет Ѕвезди е подготвено да ви ја даде потребната поддршка. Како и вие, и ние силно ги осудуваме оние кои предизвикале насилства на протестите, но добра знеме дека вашето движење е мирољубиво", навел тогаш Де Мајо.

Поддршка за жолтите елеци тогаш пружил и италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини.

Top