Екстремна десница: Порно актерка ќе се бори за влез во швајцарскиот парламент, ги обожува нацистите!

Екстремната десничарска партија „ПНСО“ од Швајцарија ќе ја предложи 29-годишната Јасмин Медер за место во парламентот.

Станува збор за поранешна порно актерка која има голема цел: Да биде лидерка на циришкиот департман на Партијата на национално орентирани Швајцарци (ПНСО) и да влезе во Националниот совет на Швајцарија. На почетокот на оваа седмица таа ја најави својата кандидатура на Фејсбук и ја изненади швајцарската јавност.

„Имате можност конечно нешто да промените. Го знаете моето мислење и став, само така можеме да сториме нешто. Се надевам на вас“, порача Јасмин Медер.

 

Таа е една од лидерите на екстремно десничарската партија во Швајцарија. Откако во 2017-та година доби раководно место во партијата во Цирих, таа стана и активна на социјалните мрежи. Под нејзините фотографии, можат да се најдат коментари со разни идеи. Секогаш го споменува бројот „88“ кој што е истакнат нацистички поздрав – “Heil Hitler”.

jasmin
 

Медер од својата 18 годишна возраст повеќе пати се појавувала во порно филмови со нејзиното уметничко име „Клеопатра“. Филмовите наречени „Интервју со манекенката Клеопатра“ и „Перверзни игри со тинејџерката Клеопатра“ се прегледани преку 150 илјади пати.

Top