Во Швајцарија уапсени Срби, Албанци, Црногорци и Македонци со скапоцени лимузини

Тие се обвинети за повеќекратни и тешки кривични дела против сообраќајните правила, насилства и навреди.

Кантоналните полиции на Сент Гален, Цирих и Тургао во заедничка акција во вторникот уапсиле 21 маж поради груби кршења на сообраќајните прописи. 

Тие, како што пренесуваат швајцарските медиуми, се тркале со автомобили, а трките се одвивале во ризично време во денот и ноќта на неколку делници во трите кантони.

 

Полицијата извршила претрес на нивните домови, а три возила биле запленети.

Уапсени се Црногорци, Македонци, Срби, Албанци од Косово и Швајцарци на возраст од 21 до 38 години. Сите живеат во Швајцарија.

Тие се обвинети за повеќекратни и тешки кривични дела против сообраќајните правила, насилства и навреди.

 

Уапсените се испрашани и предадени во надлежното јавно обвинителство.

 

 

 

 

Повеќе фотографии можете да погледнете на овој линк.

 

Top