Темната страна на протестите во Франција: Додека едни се борат против неправда, други крадат по продавници

Во Франција, во изминатите три недели се одржаа протести против високите цени на горивата. И додека едни влегле во судир со полицијата во Париз, други ја искористиле ваквата прилика и тоа што органите на редот внимаваат на демонстрантите и решиле да ограбат продавница. На социјалните мрежи се појави видео од грабеж на една продавница која наводно се наоѓа во Франција. На снимката се гледаат искршени излози и маса луѓе како ја пустошат продавницата. 

Видеото го прикажува хаосот, празните полици и расфрланите предмети, додека луѓето излегуваат од продавницата со полни раце. Над самата врата стои знакот "Monop", што е ланец на продавници за намирници во Франција. Коментарите на оваа снимка се воглавно критички и осудувачки.

 Некои истакнуваат дека "ова не се Французи туку црнци", додека други тврдат дека "Европа ја бие лош глас".