Париз под опсада! Полицајците ги извадиле шлемовите пред демонстрантите!

Францускиот претседател Емануел Макрон побарал од премиерот Едуард Филип да се состане со лидерите на најголемите политички партии и претставници на движењето "Жолти елеци", кои ги организирале протестите поради зголемувањето на цените на горивата, за да се разгледа можноста за излегување од сегашната криза.

Тој истовремено од министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, побарал да размисли за "промени" во безбедносните процедури, со цел сопирање на актуелните протести. 

Центарот на Париз бил "зона на борбени дејства и вандализам" дури и над Триумфалната капија, со палење на повеќе десетици автомобили, грабежи на продавници и уништување на приватни домови и кафулиња.

Група полицајци во Париз ги извадиле заштитните шлемови пред голем број на граѓани кои протестираат поради зголемувањето на цените на горивата.

Потсетуваме, на протестите кои ескалирале во судирот на полицијата со граѓаните, повеќе од 400 луѓе биле уапсени, стотина повредени, запалени биле шест згради, 130 барикади и 112 автомобили.

Според локалните власти, тоа се најлошите нереди во Париз уште од 1968-ма година.

Без разлика на природата на мерките кои ќе ги преземе, Макрон, пишува "Huffington Post", "е во извесно тешка положба", но сепак не се откажува од своите финансиски цели: "Процесот не се менува...останува зголемувањето на данокот на горивото", рекол тој.

Многумина, меѓутоа, забележуваат дека главниот проблем на Макрон е што повеќе никој не го слуша, а неговите говори не допираат до големите маси на францускиот народ кој сака "дела, а не зборови".