Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?

Француските власти размислуваат да воведат вондредна состојба за да се спречи повторувањето на еден од најголемите нереди во последните повеќе од 10 години, соопшти денес портпаролот на француската влада, Бенџамин Гриво.

Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека во текот на најлошите протести во последните неколку години, над 133 лица биле повредени, а 412 биле уапсени.

Откако во текот на вчерашниот ден протестите ескалираа, портпаролот на француската влада порача дека француската влада ги повикува мирољубивите демонстранти да дојдат на преговарачка маса.

Група на маскирани луѓе, од кои некои беа вооружени со метални шипки, во текот на вчерашниот ден направија вистински хаос во француската престолнина, демолирајќи излози и палејќи десетици автомобили и барикади.

„Мораме да разгледаме мерки кои што ќе бидат превземени за овие инциденти да не се повторат“, Гриво за радио „Европа 1“.

 
 

Запрашан дали француските власти размислуваат за воведување на вондредна состојба, Гриво изјави дека претседателот, премиерот и министерот за внатрешни работи ќе ги разгледаат сите опции на состанокот кој ќе биде одржан во текот на денешниот ден.

Само во текот на вчерашниот ден, на протестот на „Жолтите елеци“ во Париз биле уапсени најмалку 224 лица и тоа пред се во околината на Елисејските полиња. Во Париз веќе трет викенд по ред избиваат судири помеѓу демонстрантите и полицијата поради зголемувањето на цената на горивата.

Одредени демонстранти ја нападнаа полицијата, а француската полиција исто така возврати брутално.

 
 

 

Top