Рускиот претседател Владимир Путин е како "мафијашки шеф со нуклеарно оружје", тврди неговиот "непријател број еден", Бил Браудер, кој продолжува да ја истражува корупцијата во Кремљ, и покрај смртните закани. 54-годишниот Браудер се плаши дека токму неговото име е на врвот на листата на Путин за луѓе кои треба да се елиминираат, и вели дека рускиот претседател ја води Федерацијата на начин таа да им користи само на своите лидери.  "Владимир Путин е како шеф на мафија која под своја контрола држи суперсила. Има многу тирани кои водат мали држави по Африка, но ова е мафијашки шеф со нуклеарни бомби",…
Ураганот Мајкл кој ја погодил Флорида, зад себе оставил пустош. Ова е третиот најсилен ураган кој е некогаш забележан во САД и најсилниот кој ја погодил Флорида во последните 100 години. Најмногу штета нанел на градот Панама. Основното училиште Џинск е толку уништен што "ловецот на олуји" Брет Адаир можел со својот дрон да прелета баш низ уништената спортска сала на училиштето.  Медиумите ја пренеле неговата снимка. Ураганот буквално го откорнал кровот на салата и ги урнал ѕидовите. Интересно, мрежата за одбојка останала недопрена. Секаде по градот се гледаат урнати столбови на далноводи, откорнати стебла и урнати куќи. Повеќе од…
58-годишниот Сак Карапетјан, еден од највисоките руски службеници, загинал во хеликоптерска несреќа која го привлекла вниманието на домашните и странските медиуми, а според некои наводи, во неговото тело имало два куршума. Додека официјалната верзија вели дека се работело за несреќа, овие наводи ги засилуваат шпекулациите дека бил ликвидиран. Една верзија вели дека хеликоптерот бил пренатрупан, па поради разни проблеми се урнал кога летал меѓу дрвја.  Во несреќата загинале и роднината на Картпетјан, Арег Арутјунјан, пилотот Станислав Микнов и уште еден патник, Виктор Коптев. Меѓутоа, московскиот новинар Сергеј Доренко ја обвинил власта дека ја прикрива вистината за овој случај. "Јас верувам…
Програмите на Европската унија за продажба на пасоши и визи за престој на странски богати граѓани претставуваат ризик од перење пари, а некои од проектите не се правилно водени, е кажано во ЕУ. Владините програми за тргување со државјанство или виза за престој моментално се применуваат во Австрија, Кипар, Луксембург, Малта, Грција, Летонија, Португалија, Шпанија, Ирска, Велика Британија, Бугарија, Холандија и Франција. Унгарија ја укина ваквата програма.  "Ако имате многу пари кои се стекнати на сомнителен начин, обезбедувањето нов дом, далеку од местото каде што сте краделе, не е само атрактивно туку и разумно", рекла Наоми Херст од групата за…
Во засолниште со муниција на Министерството за одбрана на Украина, 176 километри источно од Киев, рано изутринава дојде до експлозија и пожар, поради што се евакуирани околу 10.000 луѓе, соопштиле официјалните лица. До експлозија дошло рано наутро пред 03:30 часот во засолниште со муниција во регионот Чернигов, после што изби пожар, соопшти Генералштабот на украинските вооружани сили, пренесува Тас с.    Засега нема податоци за евентуални жртви и не е јасно дали станува збор за саботажа или до експлозијата дошло сосема случајно, пренесува Ројтерс, кој наведува дека избиле повеќе експлозии. Од 04:22 часот по локално време, воздушниот простор на Украина…
Минатата недела во полицијата во мексиканскиот град Пуерто Виљарта биле пријавени 11 случаи на врзување на голи луѓе за бандери. За случаите да бидат уште почудни, сите на косата имале избричено буква "R". Уште не се знае кој стои зад нападите, додека жртвите одбиваат да зборуваат.  Полицијата, реагирајќи на бизарните пријави, открила модринки на задниците на четворица од врзаните мажи. Кога почнала истрагата, почнале да се појавуваат нови вакви случаи. Од сите жртви проговорил само еден маж, велејќи дека непознати луѓе ги киднапирале пред неговата компанија и го претепале. Останатите не сакале да ги откријат имињата на напаѓачите или тврделе…
Руските медиуми ја објавија снимката од последните секунди од животот на лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република, Александар Захарченко. На снимката може да се види како тој со своето обезбедување пристигнува во кафулето „Сепар“. Еден од припадниците на неговото обезбедување тргна да изврши проверка, по што лидерот на Доњецката Народна Република заедно со телохранителот влезе во кафулето. Неколку секунди подоцна, дојде до експлозија. Инаку, кога и да го посетел кафулето, Захарченко секогаш седел на една иста маса на која што стоел знак „резервирано“. Да потсетиме, Захарченко беше убиен на 31-ви август во експлозијата во кафуле во центарот на украинскиот град…
Преселувањето се случува навечер, бидејќи тогаш е помалку веројатно дека тие деца ќе се обидат да побегнат. Иако приказната дека децата на јужноамериканските мигранти кои американските власти ги одвоиле од родителите повеќе не ги полни насловните страни откако Доналд Трамп ја укинал таа скандалозна пракса, тоа не значи дека проблемот е решен.  Напротив, во САД моментално се наоѓаат 13.000 заробени деца мигранти, повеќе од било кога. Бројот од почетокот на годината се зголемил пет пати. Стотици деца сега властите со автобуси ги праќаат во старателски домови и засолништа, од Канзас до Њујорк, во голем шаторски на границата со Мексико во…