Доцна ноќеска од пред Врховниот суд е отстранет споменикот на Андон Ќосето. На социјалните мрежи објавија видеа од вадењето на споменикот. Ова е првиот од спомениците за кој е утврдено дека се незаконски поставени. Споменикот беше отстранет без најава, по налог на Град Скопје. Работниците кои учествувале во отстранувањето изјавиле дека споменикот ќе го однесат во магацините на поранешната фабрика „Металскиот завод Тито“, но засега нема официјална изјава од Градот. Споменикот на Андон Јанев-Ќосето е еден од петте „споменици на македонски великани, посветени на Националната борба за независност на Република Македонија“ кои беа поставени на 7 септември 2014 на различни локации…
Распоредот на летови е креиран така што патниците кои патуваат од Скопје да имаат пристап до брзи и погодни летови за конекции од аеродромот „Шопен“ во Варшава до дестинации во САД, Канада и Западна Европа. Скопје и Варшава од 1 јуни годинава ќе бидат поврзани со директна авионска линија, објавија денеска ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс. Летови на оваа линија ќе има речиси секој ден, односно шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови. Билетите се веќе во продажба, преку Контакт-центарот на LOT, на интернет страницата www.lot.com, и кај продажните агенти. Генералниот директорот на ТАВ Македонија Алпер…
Скопје и оваа година ги надмина годишните дозволени ЕУ граници за аерозагадување уште во февруари, што е показател дека еколошката и здравствена голгота на Скопјани продолжува и во 2018 година, алармира Заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“. Во Европската Унија, дозволената граница за концентрации на ПМ10 честички во просек во 24 часа е 50 милиграми на еден кубен метар. Во ЕУ, дозволениот број на надминувања на лимитите за ПМ10 честички е 35 денови во една календарска година. На 21 февруари годинава, велат од „Скопје Смог Аларм“, овие лимити се надминати на сите мерни станици во Скопје, освен Миладиновци, Општина Илинден.…
На булеварот „8 Септември“ во Скопје, кај хотелот „Александар Палас“ попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која се превртеа две патнички возила. Интервенцијата на брзата помош е во тек, а и увидот на полицијата сѐ уште трае. На лице место може да види дека двете возила што учествувале во сообраќајката се превртени на кров. Според првичните информации од МВР, до несреќата дошло откако двете возила директно се судриле. Во сообраќајката две лица се повредени и пренесени во болница, но засега не е познато од каква природа се нивните повреди.
Универзална сала нема да се гради и годинава. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, вели дека нема пари ниту Градот ниту Министерството за култура за реализација на проектот за нова Универзална сала. -Во соработка со Министерството за култура правиме обид да го рестартираме проект за реконструкција на Универзалната сала. За жал заради лошата материјална состојба и во Министерството за култура и во Градот Скопје заради плаќањето на долговите од ‘Скопје 2014’ не сме во можност да предвидиме реконструкција во буџетската 2018 година. Со министерот сме во координација во буџетите за 2019 година да одвоиме средства за реконструкција на Универзалната сала во…
Базен, интимност, голем двор,камери... вака гласат огласите за куќите кои се во поскапиот дел во нашиот град. Цените на македонскиот пазар за недвижнини се движат од 900.000 евра па надолу.Помеѓу огласите на Пазар3 се продава  и четирикатна историска палата во Дебар Маало за два милиона евра. Еве дел од другите елитни куќи кои се на продажба: Локација:Водно, цена: 500.000 евра Локација:Козле, цена: 700.000 евра Локација:Пржино, цена: 400.000 евра Локација:Сопиште, цена 269,000.00 евра Локација:Сопиште, цена 450 000 евра   skopjeinfo.mk
Двократниот фудбалски светски шампион Аргентина во јуни би можел да гостува во Скопје, објави „Екипа“. Како што пишува спортскиот портал ЕКИПА, веќе течат преговорите за пријателски натпревар меѓу Аргентина и Италија кој би бил последен подготвителен за Аргентинците пред настапот на Светското првенство во Русија а би се одиграл на националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Фудбалскиот мундијал почнува на 14 јуни во Русија. Се разгледуваат две можности: Тест на Аргентина со Италија или некоја друга европска селекција, или пријателски натпревар со Македонија. Но, сето тоа ќе зависи од желбата на стручниот штаб на Аргентинците, но и од реалното наоѓање…
Блокирани се сметките на граѓани и претставниците на фирмите кои не го платиле данокот на имот за 2016 година. -Пред некој ден бев да си ја подигнам пензијата во банка, но кога стигнав на ред ме известија дека не можат да ми ја дадат бидејќи ми е блокирана сметката.Обично сите сметки наврмено си ги плаќам, но овој пат блокадата ми е направена заради неплатениот данок за имот. Го платив данокот и плус 2000 денари за да ми ја одблокираат сметката, вели пензионерот Васко од Кисела Вода. Градот Скопје сака да им појасни на граѓаните дека во согласност со законот за…
Top