Денови се одбројуваат до отстранувањето на уште четири споменици донирани од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Неофицијално, ќе се уриваат спомениците на Пере Тошев, Никола Русински, на првиот генерал на македонската војска, Михајло Апостолски и споменикот на Света Лидија Македонска, пренесува Независен. И посочените споменици ќе се отстранат поради истите причини како и Ќосето, неоиспочитувана процедура при нивното поставување. Повеќе од извесно е дека ќе ги снајде истата судбина како и споменикот на Ќосето. Созреани се речиси сите правни услови да се постапи на терен, односно се докомплетира документацијата да почне извршувањето. Наводно, Град…
Ограбувањата станаа секојдневие, а страшно е што ваквите дела се случуваат и дење и ноќе, и тоа на прометни места. Пред три дена беше ограбен бутик на улицата “Македонија”.На снимката од камерите се гледа дека разбојникот бил вооружан, облечен во капут и добро маскиран.Тој влегува во бутикот и се упатува кон касата каде стојат две девојки. Ги зема парите и се упатува кон излезот. Порталот Маркукуле ги објави и видео снимките од безбедносните камери како изгледал грабежот:
Вечерва на Меѓународниот аеродром „Скопје“ се врши демонтирање на споменикот на Александар Македонски. Откако и официјално е преименуван скопскиот аеродром, следен чекор е и отстранување на споменикот на Александар Велики, по кого претходно и беше именуван аеродромот.      
Почнаа да се расплетува случајот со тринаесетгодишната штитеничка од домот „25 Мај", која неодамна абортираше. Според сознанијата, последните неколку месеци биле пеколни за девојчето. Било принудувано да се проституира, а макро на малолетничката била 42-годишна жена од Кавадарци. Единицата за трговија со луѓе поднесе кривична пријава против кавадарчанката за кривично дело трговија со дете. Според истрагата, кавадарчанката во декември лани и јануари годинава ја принудувала малолетната штитеничка да дава сексуални услуги на поголем број лица. Покрај сексуалната експлоатација таа ја принудувала да питачи. Кавадарчанката била приведена во полициската станица Кисела Вода од каде потоа била однесена на распит во Основниот…
Гостопримливи луѓе, смешно ниски цени, привлечна природа сместена во центарот на Балканскиот Полуостров.Во оваа земја 30% од населението е невработено, луѓето се снаоѓаат, дел од нив се одлучуваат да работат во странство неколку месеци за да ги издржат семејствата, со овие зборови Американецот Џонатан ја опишува нашата земја во сторијата објавена во Lifestyleupdated. Лесно може да се преселите во Македонија и да живеете одличен живот со потпросечна американска плата. Дури и со најниската плата во САД може да живеете комфорно во главниот град Скопје.Просечната македонска плата е околу 400 до 600 долари (зависно која статистика ќе решите да ја следите).…
Ванчо Шехтански, лидер на политичката партија ТМРО, кој беше функционер во власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, очекува скопскиот градоначалник Петре Шилегов да постапи по одлуката од февруари 2016, која претходниот градоначалник Коце Трајановски не ја спроведе и веднаш да го отстрани, како што пишува, споменикот на УЧК , кој е дивоградба во скопската населба Чаир. „Петре Шилегов, со оглед дека Коце Трајановски како поранешен градоначалник никако не сакаше да постапи по моето решение од февруари 2016 од позиција на тогашен директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа за уривање на споменикот на УЧК во Чаир, постапи сега ти од позиција на…
„Патни трошоци не ви признаваме, а за другото че разговараме, дискутираме, дебатираме. И да знаете колку и да трае – Че си седите!!!" – вака звучеше најавата на „Златна бубамара на популарноста", популарното сатирично – музичко шоу што вчеравечер се одржа по 21-ви пат. Академијата на Златна бубамара додели награди во 23 категории на познати личности од забавата,спортот, културата во Македонија и на Балканот. Наградата за трајни музички вредности ја доби легендарната пејачка Маја Оџаклиевска, а „Октет Македонија“ за животно дело. Водител на ова 21.издание , под мотото „За подобар живот“, како и изминативе години беше актерот Сашко Коцев, а…
Споменикот на Андон Јанев – Ќосето e отстранет од пред Врховниот суд затоа што беше дивоградба и не беше поставен на одобрената локација од страна на Град Скопје, велат од Општина Центар. Од таму наведуваат дека одлуката за поставување на споменикот Советот на општина Центар ја донел уште на 28.12.2012 година. „Тука е направено и основното прекршување на законот бидејќи во член 1 стои дека одлуката се носи заради одбележување на делото и оддавање почит на македонскиот комита и револуционер од илинденскиот период Андон Јанев Ќосето. Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, настаните и личностите што се одбележуваат со…
Top