Се урива барокната фасадата на ТЦЦ Плаза кај плоштадот ВМРО. Како што пренесува СДК, утрово со градежна механизација зад тарабите со кои е ограден објектот кој е во фаза на градба се отстрануваше фасадата. Од Град Скопје велат дека тие не дале никаков налог на инвеститорот за промена на фасадата. Зошто се урива фасадата на објектот не знаат ниту од Општина Центар. „Немаме издадено никакво решение за уривање. Најверојатно инвеститорот сам одлучил за некакви промени. За овој објект дозволата за градба е издадена во 2016 година и поради тоа не е опфатен со одлуката за мораториум“ вели Саша Богдановиќ градоначалник на…
Со години наназад транвајот се најавува како алтернативен јавен превоз низ градот.За време на мандатот на скопскиот градоначалник Трифун Костовски изградбата на трамвајска линија беше веќе готова работа. Тогаш беше најавено дека првиот промотивен трамвај од Аеродром до Центар ќе тргне во мај 2009 година.Исто така трамвајска линија беше ветена и од градоначалникот Коце Трајановски , чија идеја беше на трасата на која ќе се движи трамвајот, да не соообраќаат автобуси. Според студијата требаше да има  22 транвајски композиции. Во првиот период требаше да има една линија од населбите Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Пред неколку  месец  градоначалник Петре Шилегов…
Темата, провинцијалци во Скопје, е слаба точка на поголемиот дел скопјани. Дел од тие “провинцијалци” се таму, барајќи подобра иднина и егзистенција за себе. Ивана е млада девојка од Кратово. Кој го посетил градот, знае за какво населено место станува збор. Мирно и тивко. Место во кое ретко ќе наидеш на млад човек. Место каде има пензионери и ќе се најде по некоја мајка со деца, бидејќи татковците се во странство или пак работат во некој друг град во Македонија. Младите ги нема. Сите се иселени од таму. Поголемиот дел од нив веќе се во странство, а студентите се во…
„Во кожата, длабоко: +60“ е уметничка фотографска поставка на ЛГБТИ Центарот, започната за време на програмата за уметнички престој Инстинкт.Берлин. Фотографот Рафаел Медина портретира девет голи геј мажи. Сите од нив на возраст над 60 години кои живеат во Берлин. Серијата од 35 мм црно-бели фотографии и краток документарец претставуваат визуелно истражување на нивната сексуалност и нивниот однос кон нивните тела. Како што стои во најавата за изложбата испртена до медиумите во портретирањето на старите геј мажи, фотографот го отвара прашањето за стареењ Овие мажи ја издржаа распространета хомофобија во времето додека растеа и беа сведоци за тоа како нивните…
Град Скопје ќе гради зиплајн, жичница која ќе се спушта од Музејот на современа уметност на Кале преку реката Вардар до Градскиот парк кај стадионот, пренесува СДК. Адреналинската жичница, според проектот ќе биде во должина од 400 метри, ќе биде опремена со соодветна безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето. Тендерот за изградба на жичницата ќе биде распишан пролетва а со неа ќе стопанисува ЈСП „Скопје“ или приватен концесионер. „За изградбата на оваа нова туристичка и рекреативна содржина предвидено е да се потрошат меѓу 2 и 3 милиони денари. При тоа процесот на градење…
Девојка која се сомневала дека момчето ја изневерува, во саботата направила хаос во хотел во Скопје. Таа побарала од вработените на рецепција да ја информираат дали момчето со кого била во врска престојува во една од собите на хотелот, но рецепционерите одбиле да одговорат на нејзините прашања, пренесува Република. Таа упорно барала да ја види книгата на гости, но откако повторно била одбиена, девојката почнала вербално да се расправа и гласно да вика. Одговорните од хотелот побарале да го напушти објектот, но таа одбила, по што биле приморани да повикаат обезбедување. Кратко потоа проблематичната девојка брзо заминала од објектот.
Капитенот на македонскиот фудбалски првак Вардар, Бобан Грнчаров, денеска беше во посета на Златко Трајковски, повредениот навивач на црвено-црните, кој беше избоден во четвртокот во центарот на Скопје. Повредениот Злате, како што го нарекуваат најблиските и неговите колеги од трибината, е во добра здравствена состојба, но не се знае уште колку ќе остане на болничко лекување. Тој не сака да говори за инцидентот, сака што побргу да го заборави тој ден. Но, затоа пак, беше изненаден и неизмерно среќен кога во посета му дојде Бобан Грнчаров, кој на Златко му подари „капитенски“ дрес. „Ти пренесувам поздрави од целата екипа на…
Денови се одбројуваат до отстранувањето на уште четири споменици донирани од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Неофицијално, ќе се уриваат спомениците на Пере Тошев, Никола Русински, на првиот генерал на македонската војска, Михајло Апостолски и споменикот на Света Лидија Македонска, пренесува Независен. И посочените споменици ќе се отстранат поради истите причини како и Ќосето, неоиспочитувана процедура при нивното поставување. Повеќе од извесно е дека ќе ги снајде истата судбина како и споменикот на Ќосето. Созреани се речиси сите правни услови да се постапи на терен, односно се докомплетира документацијата да почне извршувањето. Наводно, Град…
Top