Скопјани и оваа година ќе добијат субвенции за набавка на велосипеди. Со одлуката на Советот на Град Скопје е предвидено максималниот износ за поединечна субвенција за купување велосипед по лице да биде 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход. Новитет е тоа што оваа година ќе се субвенционира набавка на рачни велосипеди и рачни велосипеди со електрични помагала за лица со посебни потреби. 50% од вредноста на рачниот велосипед и рачниот велосипед со електрично помагало за лица со посебни потреби, но не повеќе од 90.000 денари по лице, со вклучен…
Со боја ќе се обележи до каде кафанџиите ќе може да поставуваат маси и столови на јавните површини, предвидено е со измените на стандардите за поставување урбана опрема во Скопје, усвоени на вчерашната Седница на Град Скопје. Измените предвидуваат при поставување на привремените објекти и урбаната опрема монтажната платформа да биде максимум до 15 см, освен на места каде што треба да се нивелира. Освен тоа, се предвидува и минималната слободна пешачка површина од рабникот на коловозот или велосипедската патека да е 2,5 метри. На оние тротоари каде што има дрва, столбови и клупи просторот за пешаци не треба да биде…
Куќата е сместена на Водно  на  улицата “Питу Гили“ бр. 33 – Скопје, подалеку од градскиот метеж, на мирна и тивка локација.  Автори на ова дело се Сергеј Никољски, Иван Мирковски и Симона Серафимовска Ѓуреска. Овој објект ја доби наградата за најуспешно архитектонско дело за 2015 година. Погледнете ги фотографиите:    
Во населбата Реонски центар-Аеродром утрово околу 10:30 часот се случил инцидент кога работници со градежна механизација им рекле на околните жители да ги тргнат возилата од паркингот за да влезат на местото каде што требале да почнат со подготовки за градба. Извесна госпоѓа која одбила да се препаркира била вербално нападната од еден од работниците, кој ѝ рекол дека ако не се тргне ќе ја фрли во контејнер. Расправијата продолжила со уште една група насобрани граѓани кои биле револтирани од присилното однесување на работниците. По пристигнувањето на екипата на „Макфакс“, на местото стигна и полициско возило што го повикале жителите. …
Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, во интервју за МИА зборува за проектите, состојбата и идните планови на општината. ДУП–ови кои ќе се изготват по Мораториумот, вели Богдановиќ, ќе придонесат за нормален развој на Центар по сите параметри и по желбите и интересите на граѓаните, а не по желбите на инвеститорите и моќници. Најави пролетна офанзива за реконструкција на улиците и тротоарите, а и таму каде што е потребно и на канализациската мрежа. Еве ги одговорите на градоначалникот во интервју за МИА.   Во каква состојба ја затекнавте општина Центар? – Со преземањето на општина Центар, на 25 октомври, констатиравме дека општината се наоѓа…
Вчера во 18.20 часот на влез во с.Студеничани-Скопје, по претходно недоразбирање околу сообраќаен прекршок помеѓу возач на автобус бр.67  А. Д. (36) од Скопје  и непознати лица со патничко возило  “Пасат“ со скопски регистарски ознаки, лицата му упатиле закани на А. Д.. Околу 18.55 часот, кога возачот со автобусот почнал да се движи од Зелениково кон Транспортен центар, пред автобусот се испречило патничко возило “Шкода Фелиција“ и џип - непозната марка, од кои излегле повеќе лица, и со употреба на сила ја отвориле вратата од автобусот, влегле внатре и го нападнале возачот. А.Д. бил пренесен во Градска општа болница “Наум…
Отпочнува целосната реконструкција на Бит-пазар. „Скопски пазар“ кон крајот на јануари годинава доби одобрение за градење од општина Чаир, а неговата правосилност почнува денес. Во изминативе недели од компанијата ги реализираа подготвителните работи околу дислоцикација на дел од пазарџиите, со цел да се создаде простор за реализација на првата фаза од проектот. Проектот ќе се изведува во четири фази, со што ќе се овозможи поставување на 1.000 нови тезги, обновување на водоводот и канализацијата, целосно покривање на пазарот и изведба на нов деловен простор со површина од 600 метри квадратни.  Планирана е и изведба на надземен паркинг со капацитет од…
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ја стопирал изградбата на новиот Луна парк. Како што јавува порталoт „СДК.МК“, новата градска администрација планира проектот да го даде под концесија на приватен партнер, којшто би требало да го изгради и да стопанисува со него. Ваквата идеја на градоначалникот Шилегов би ги заштедила планираните финансиски средства од градскиот буџет, но во изминативе години се покажа како неуспешна. Претходниот градоначалник Коце Трајановски во неколку наврати распишуваше повици за пронаоѓање на приватен концесионер, но ниту во еден случај не го пронајде. Првиот тендер беше распишан во 2011 година, а последниот обид заврши без успех на почетокот од 2014 година. По…
Top