(0 гласови)
За разлика од водата и освежителните напитоци, сладоледот истовремено ќе Ве разлади и ќе Ви пружи задоволство со неодоливи вкусови.Оние кои пробале сладолед по рецептура на италијанските мајстори, велат дека засекогаш ќе се сеќаваат на полниот вкус и специфичната арома. Денеска на сите им е на располагање широк спектар на различни вкусови. За среќа на многумина, во Скопје постои место каде може да се проба исклучителен италијански сладолед „Џелато“ – во ресторанот во хотел „Руссиа“. „Џелато“ е италијански леден десерт направен од млеко и шеќер, во комбинација со ароми. „Џелато“доаѓа од италијанскиот збор „gelare“, што значи „да се замрзне“. Со…
(0 гласови)
“Теннис Парк” располага со 4 терени на земјена подлога, кои во зимскиот период се покриени со професионални балони. Освен што терените се отворени за рекреативци, тука тренираат и професионални и полупрофесионални тенисери. Тениските тренери Предраг Русевски кој е воедно и најдобро АТП рангиран тенисер од Македонија, и Димитар Лабудовиќ се грижат и за дечињата кои тренираат тенис, и за развојот на професионалните и полупрофесионалните тенисери. Рекреативците можат да играат тенис од 08 до 12 часот (300 денари), 14-18 часот (400 денари), од 18-23 часот (600 денари) и  сабота и недела од 8-18 часот (400 денари) и од 18-23 часот (600…
(0 гласови)
Пингвини, слон, мајмуни, морски лавови и фламинго птици се само дел од егзотичните животни кои скопјани наскоро ќе може да ги откријат при посетата на Зоолошката градина во Скопје. За да се овозможи нивен престој, од Зоолошката градина во континуитет работат на реконструкција на постојните и на изградба на нови живеалишта. Веќе е потпишан договор за изведба на живеалиште за пингвините, за кое е предвидено да се одвојат околу 18,9 милиони денари. Напролет треба да пристигнат и пингвините од Виена. Во меѓувреме, од Зоолошката градина работат и на реконструкција и доградба на мајмунарата. Комплетно треба да се уреди и слонарата…
(0 гласови)
Вистинско гостопримство во „Руссиа“ уште при самата помисла на овој елитен хотел... Гостинот за нас не е само личноста која стои пред нас. Секој кој нè контактира телефонски или преку електронска пошта и бара информација, истиот момент станува корисник на нашите услуги, наш гостин. Затоа и заслужува еднаков пристап како и оној со кого разговараме „во живо“.Со љубезноста и професионалното однесување на гостинот му покажуваме дека ни е важна неговата доверба која ни ја искажал со самото тоа што ни се обратил, па дури да се работи само за барање некоја информација. Еве го одговорот на прашањето зошто гостите за…
(0 гласови)
За една година присуство на пазарот, Скај бар веќе се препознава како единствен концепт кај нас и препознатлив бренд. Познат е по добрата и квалитетна музика, разни настани, вкусна храна и секако љубезен персонал. Ние се разликува по многу работи од другите локали во Скопје, но она што ни е најважно е да ги задоволиме различните вкусови и потреби на нашите гости. Уште од отварањето на „Скај Бар“ во хотел „Руссиа“, џез музиката стана составен дел од неговата неделна програма. За вистинските љубители, џезот претставува стил на живот, а не само музика.  Токму затоа „Скај Бар“ со големо задоволство приреди…
(0 гласови)
Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје (ЈСП) ќе постави држачи за велосипеди на задниот дел од автобусите. Kако што информираа од претпријатието, неодамна се одржала средба меѓу нивни претставници и претставници од неформалната група граѓани „На точак“, кои со години се залагаат за подобар велосипедски град. На средбата била презентирана идејата и начините за нејзино имплементирање во автобускиот транспорт во метрополата. Комбинирањето на превозот е и во полза на ЈСП, бидејќи ќе ја зголеми достапноста до автобусите, а во полза е и на велосипедскиот превоз, бидејќи ќе ги продолжи прифатливите дистанци. Особено е важно за заштита на животната средина, за намалување…
(0 гласови)
Булеварот „Илинден“ да се продолжи право, со мост преку реката Вардар во општина Ѓорче Петров. Се работи за капитален проект, чија минимална вредност ќе биде 10 милиони евра, а реализацијата ќе биде во 2018/2019 година. Ова вчера беше презентирано на состанокот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на кој се разгледуваше прогресот на решавање на барањата на граѓаните, кои произлегоа од теренските посети на општините низ Македонија.  - Ова е доста комплициран проект кој не е ветен. Имаме сообраќајна студија. Се работи за  булеварот „Илинден“ да се продолжи право со мост преку Вардар, па потоа во општина Ѓорче Петров. Тоа…
(0 гласови)
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на својот фејсбук профил прв ја сподели веста за новоизградениот кружен тек меѓу улиците „16. Македонска бригада“ и „Коце Металец“ во населбата Автокоманда кој денеска ќе биде пуштен во употреба. Со овој проект, на местото на крстосницата меѓу улиците 16.Македонска бригада и Коце Металец беше формиран кружен тек со дијаметар на средишниот зелен појас од 60 метри. Во самиот кружен тек се формирани 2 сообраќајни ленти со вкупна ширина од 9 метри.   Извршена е и реконструкција на коловозот на улицата 16.Македонска бригада, на должина од 390 метри, како и на дел од улицата Коце…
Top