Во Градски парк попладне од 17 часот ќе почне 6. Скопје стрит фестивал кој ќе се одржува викендов.  - Фестивалот година вклучува пет стејџа: графити, стрит бол помеѓу познати скопски кафулиња, денс стејџ, музички стејџ, Ќе има креативни, забавни и едукативни концепти, врзани на една платформа која урбано го буди Скопје. Ќе имаме можност да ги видиме Фанк Шуи, САФ со 20 години Скопска ситуација и виртуозниот продуцент Кирил Џајковски заедно со МЦ Давид Лион. Програмата е надополнета со супер листа на македонски диџеи меѓу кои: Чваре, Маци, Флудер, Мартин Војдановски, Страјк, соопштија организаторите. Скопје стрит фестивал во изминатите шест…
Инвестиција од 350 милиони евра, повеќе од 250 продавници со светски брендови и над 2.000 работни места ќе донесе проектот East Gate што групацијата „Балфин“ го претстави како своја визија за нов и модерен симбол на Скопје. Тимот што го изгради и што ја создаде успешната приказна за Скопје Сити Мол го презентира концептот што ќе биде прв од ваков вид во регионот и којшто на едно место ќе ги спои купувањето, домувањето и бизнисот.   „Балфин“ е компанија чиј бизнис е фокусиран не само на создавање економски, туку и на општествени вредности на пазарите на кои што работи. Нашата…
Баскерфест 2018 ќе се одржи од 12-17 јуни на плоштадот „Македонија“ во Скопје, но традиционално и во другите градови, посетителите ќе имаат можност да уживаат во караванот кој носи среќа. Фестивалот на улични изведувачи оваа година ќе понуди многу забава за сите возрасти. Сите посетители, па и случајни минувачи, освен во врвните баскер мајстории на жонглери, акробати, циркуси, кловнови, ќе може да уживаат и во многу нови забавни содржини. Најмалите секојдневно ќе можат да се дружат и едуцираат во детската едукативна работилница, каде што ги очекуваат многу изненадувања. Тука ќе биде и корнерот за животни- односно пет катче каде што…
На Меѓународниот аеродром Скопје денеска напладне ќе пристигние првиот директен лет од Варшава во Скопје, на полската авиокомпанија LOT Polish Airlines. Според организаторот ТАВ Македонија на пречекот на авионот на LOT, предвидено е присуство и обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој и комерцијалениот директор на LOT, Михал Фијол. Летовите на оваа линија ќе се реализираат шестпати неделно, освен во недела. Секој понеделник, среда и петок се предвидени  полетувања од аеродромот „Шопен“ во Варшава во 10:35 часот, а пристигнување во Македонија во 12:40 часот. Патниците на летот од Скопје за Варшава…
Ова се соседи од улицата „Павле Илиќ” во општината Чаир, кои и оваа година ја продолжуваат традицијата за ифтар. Албанци, Македонци, Турци, Бошњаци… Hа оваа фотографија, која е преземена од Фејсбук групата „Чаирска романтика”, има Чаирчани од сите националности. Чаир е општината која отсекогаш била и е пример за меѓусебно почитување и соживот. Овде муслиманите одат за Божиќ и за Велигден кај православните на гости, а православните на баклава кај муслиманите за нивните два најголеми празници. Вака се чуваат и ценат религијата и обичаите, сликата е доказ за тоа. Лесен пост, добро здравје, да преовладува чувство на мир и љубов во секого!  
Македонската филхармонија, Кино Милениум и Град Скопје, на 6 и 7 јуни ќе бидат дел од два настани кои што ќе се случат под отворено небо, во Градскиот парк во Скопје. Годинава, Македонската филхармонија по завршувањето на официјалната концертна сезона, ќе го реализира настанот „Филхармонија на отворено“, кој ќе ја донесе нигериската музичка ѕвезда Феми Кути! На спектакуларниот музички настан којшто ќе се случи на 7 јуни (четврток) во Градскиот парк во 21 часот, заедно со Македонската филхармонија, а под диригентство и во аранжмани на Џијан Емин, ќе настапи славниот африкански вокалист Феми Кути, кој доаѓа со неговиот бенд „Позитив…
Вчера во 14:10 часот на улицата „Босна и Херцеговина“, на паркинг пред зграда во Скопје, патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од 47-годишниот А.И. од Скопје удрило во велосипедист, дете на возраст од 10 години.  Детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.
Од денеска во општина Центар започнува едукативната кампања за безбедност во сообраќајот „Паркирај совесно!“, која е организирана во соработка на општината со ПОЦ и СВР Скопје. Целта на кампањата е подигање на сообраќајната свест и култура на повисоко ниво, зголемување на одговорноста кај возачите и укажување на важноста и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи. „Апелирам до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да не ги паркираат своите возила пред објекти, коловози, тротоари, зелени површини, пешачки патеки и други слични површини кои не се наменети за паркинг“, рече на прес-конференција градоначалникот, Саша Богдановиќ. Во наредните 2…
Top