Во рамките на одбележувањето на Денот на уметноста, кој МКЦ години наназад традиционално го прославува со голем хепенинг насловен како Роденден, по цели 11 години, повторно во Скопје ни доаѓа Музејот на раскинати врски. Музејот на раскинати врски го создале Олинка Виштица и Дражен Грубишиќ од Хрватска, кои откако ја прекинале нивната љубовна врска решиле да ги изложат оние предмети што ги потсетуваат на нивното заедничко минато. Музејот на раскинати врски изобилува со меморабилии од прекинати релации, кои се од најразличен карактер. Од писма, плишани мечиња, суви цвеќиња, облека, до велосипед, кој бил подарок од поранешниот партнер, пенкало со кое…
Додека цела влада и градот Скопје годишно издвојуваат 1.5 милион евра за борба против загадувањето на воздухот, а само градот Скопје ќе издвојува 4 милиони евра за вработување на 700 партиски војници. Значи 4 милиони евра од градската каса ќе се издвојат за плати на 700 партиски војници кои ќе се запослат во две градски претпријатија , а цела власт издвојува само 1.5 милиони евра против загадениот воздух во цела држава, изјави Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје. Според неа, кога станува збор за удопство и за партиско вработување Шилегов се покажа и дека не жали средства. А…
МВР објави детали за учесниците во престрелката што се случи вчера во Маџари, кога едно лице заврши со повреди, а две лица беа приведени. Дополнително, велат од полицијата, било пријавено дека и 13-годишниот син на повредениот, кој бил во возилото, бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, бидејќи се пожалил на повреди на главата. „Д.З.(48) од Скопје, додека се движел од улица Перо Наков со патничко возило ‘фолксваген голф’ со скопски регистарски ознаки, во кое сопатници биле неговиот брат и внукот, во близина на приклучувањето на улица Благоја Стефковски, од споредната улица со голема брзина ги удрило друго патничко…
Едно лице е повредено и се наоѓа надвор од животна опасност а уште едно лице е приведено во престрелката која претпладнево се случила во скопско Маџари, пренесува Пресс24. Според неофицијални полициски извори, во инцидентот учествувале две семејства кои од порано имале нерасчистени сметки.  Престрелката продолжила и по околните улици, а неколку од куршумите завршиле и во возила на случајни минувачи.  Повредениот се наоѓа во стабилна состојба во една од скопските болници, а едно лице, чиј идентитет се уште е непознат е приведено. Од МВР само потврдуваат дека се случил ваков инцидент, но велат дека се уште не можат да изнесуваат детали…
Цели 350 денари или една просечна дневница потрошил скопјанец за четири часа паркинг во Скопје. Фотогографијата беше објавена на Ѕидот на сообраќајниот срам, а тој додаде дека „Наместо чист воздух добил празен новчаник“. Граѓаните денес на социјалните мрежи реагираат за високата цена на паркингот која започна да се применува вчера како една од мерките за справување со загадувањето во главниот град. Дел од нив ја оправдуваат мерката и велат дека ако се прашуваат тие, паркингот би поскапел уште повеќе, но другите велат дека со ова градот го допрел дното и дека поскапувањето на паркингот е неоправдана мерка. Мерките и препораките…
Пазарџиите од Зелениот пазар и Бит-пазар денеска излегоа на протест. Тие велат дека лиценци не вадат, и дека инспекции на пазарите се уште нема, но веќе се забележува дека тезгите на пазарите се се попразни. Од комората на трговци кажаа дека законот веќе почнал да се спроведува, и уверуваа дека ова е добро законско решение. Сепак издавањето на лиценци оди слабо – досега издадени се околу 50. - Нема да склучуваат нови договори за закуп на тезги. Со дописи до економскиот тим на Владата, како и самиот премиер, ќе бараат законот да се одложи или измени, велат пазарџиите. Министерот за…
Спој во електричната инсталација, кој се случил во моментите кога слот апаратите биле вклучени, е причината за избувнување на пожарот во казиното сенатор во центарот на Скопје. Од пламенот биле зафатени биле два монитори од слот апаратите кои биле поставени во казиното. Со две противпожарни возила и 5 пожарникари во гасењето на пожарот интервенирале од противпожарната бригада на Град Скопје. Констатирана е мала материјална штета.
Благодарение на бројните сервиси за недвижности, туристите низ целиот свет имаат огромен избор на луксузни престојувалишта – од шик апартмани во големите метрополи па сè до стари замоци во далечните земји. Верувале или не, еден таков луксузен апартман се наоѓа токму во Скопје.  Како што пишува престижното списание Форбс, овој дуплекс со една спална соба се наоѓа во Скопје, а истиот е инспириран од Салвадор Дали. Цената за една вечер изнесува 44 долари, а апартманот има приватен лифт и приватен паркинг.                        
Top