Летните дискотеки во Градскиот парк ќе се уриваат и на нивно место ќе се наоѓа новиот забавен парк, објавува СДК.МК. Според проектот, паркот ќе биде на површина од 26.000 метри квадратни, односно освен просторот на сегашниот луна парк, ќе се прошири и на местото на летните дискотеките. Поголема површина за новиот забавен парк како што објаснуваат од кабинетот на градоначалникот Шилегов е потребна бидејќи во него нема да има реквизити само за деца, туку и адреналински содржини за возрасни. Како што најави Шилегов на презентацијата на проектот летово ќе почне постапката за проектирање и набавка на реквизитите, што значи на…
Град Скопје на старата локација ќе изгради нов тематски забавен парк, што ќе биде регионална атракција, имајќи предвид дека ваков парк не постои во радиус од 250 километри. Денеска во градот беа презентирани содржините на тематскиот парк од градоначалникот Шилегов и од проектантот и архитект, Франко Бараѕони, претставник на италијанската компанија на Баусаа, коишто ги изработија и се донатори на студијата и планот за изградба. Новиот забавен парк опфаќа најсовремени реквизити кои гарантираат дека истиот ќе биде пожелно место за забава на семејствата и на сите посетители без оглед на нивната возраст. Заради тоа, проектирано е во паркот да има…
Билетот за влез во скопската Зоолошка градина ќе поскапи и наместо 50 денари ќе биде 80. Влезот за деца до 3 години и натаму останува бесплатен. Оваа одлука за промена на цената за влез во Зоолошката ќе се најде на дневен ред на утрешната седница на Советот на Град Скопје и доколку биде усвоена треба да стапи на сила на почетокот на јуни, пишува СДК.МК. Во образложението на градоначалникот Петре Шилегов се вели дека поскапувањето се должи на зголемениот број содржини и нови животни во градината. Според новиот ценовник се воведуваат и нови цени за содржините кои летово треба да бидат…
Првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата на ЛГБТ заедницата во земјава ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор за одржување на овој настан. Организаторите сметаат дека парадата ќе помине достоинствено и безбедно и дека државата е подготвена и зрела за организарање на ваква парада на која ќе се чуе гласот на различните, која во светски рамки има традиција повеќе од 50 години. „Ова е протест на кој што ќе бараме афирмација за остварување на наштите права и слободи. Ова е протест на изразување на слободната волја на различните кои бараат еднаков пристап во општеството, но…
Скопје доби уште едно забавно место создадено за сите адреналински зависници. На улица „Илинденска“ веднаш до СЦ „Борис Трајковски“ е лоциран новиот забавен адреналински парк „Мега“. Забавниот парк нуди над 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења, како и неколку интерактивни реквизити. Работното време на паркот од понеделник до четврток е од 17:00-00:00, во петок до 01:00, a сабота и недела од 10:00-01:00. Главни атракции во „Мега“ се Камикази, кулата висока над 100 метри, Летечкиот килим, Брејк Денс, Ентерпрајз, Куќа на стравот и Поп Старс- возења какви можеме да видиме низ светските тематски паркови.  
По повод, 9-ти Мај, Денот на Европа во Скопје ЗОО денеска за првпат ќе се одржи Детски ЗОО Маратон, кој се надеваме дека во иднина ќе прерасне во традиција. Маратонот е организиран во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Атлетска федерација на Македонија, како и Град Скопје. Во ботаничката градина во Зоолошка градина Скопје ќе се одржат четири трки на кои ќе учествуваат 200 деца. Целта на настанот е пред се едукација за придобивките од спортот и рекреацијата уште од мали нозе.
Зоолошката градина во Скопје се подготвува за пристигнувањето на мајмунот Коко и прославата на 93-тиот роденден. Наскоро ќе добие и нови жители најавува директорот Ѓорѓи Галетановски. Рекордот на посетеност се руши од ден во ден. 18 000 посетители дневно доаѓаат во ЗОО, а за викенди има и по 10 роденденски прослави. Во просек дневно се трошат околу два тона храна. Колку е посетена зоолошката дневно? Со сите активности и новитети кои ги направивме, како и разубавувањето на Зоолошка градина Скопје, успеавме да ги срушиме сите рекорди на посетеност во историјата на оваа јавна установа. Со бројки кои се движат и…
По огласите се почесто можеме да прочитаме дека се изнајмуваат луксузно наместени станови во Скопје, за еден или неколку дена. Од 25 до 50 евра се изнајмуваат луксузни станови со една или повеќе спални соби, со опремена кујна, интернет, светски ТВ-канали при што во цената се вклучени сите трошоци, а се добива и чистење на становите. Се повеќе агенции во Скопје, покрај класичното издавање станови, почнаа да се занимаваат и со ваков начин на изнајмување. На интернет, ако се пребара под поимот „луксузни апартмани“, се добиваат десетици агенции што се занимаваат со издавање популарно познат „стан на ден“. Клиенти се…
Top