Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиони евра, нема ништо реализирано, а објавена e само една јавна набавка за која сè уште нема склучен договор, во висина од 439 илјади евра за замена на греење во јавни објекти, велат од О2 Иницијативата. При тоа, додаваат од таму, пренаменети се средства од оваа програма за гасификација на болницата во Струмица, што требаше да се направи независно. „Макрадули и самиот потврдува дека има пренамена на средствата, затоа што не направиле веб платформа за следење на имплементација на Планот за чист воздух и не направиле кампања во врска со…
Поради масовна тепачка која ја предизвикале насилници на повик од незадоволен пациент, скопската болница „Св. Наум Охридски“ била затворена до раните утрински часови. Околу 02:00 часот по полноќ, група на пијани лица ги нападнале болничките служби и полицијата, која била повикани на помош, во поранешна „Градска“ болница. Инцидентот се случил непосредно откако пациентот пристигнал во болницата со расекотина на раката, а потоа групата насилници започнала физичка пресметка со персоналот во болницата, докторката во паника избегала додека медицинската сестра и портирот биле претепани. По интервенцијата на полициската единица „Алфи“ алхохолизираните напаѓачи нападнале и еден полициски службеник дознава Нетпрес од свој извори.…
Избледените и незабележителни бели линии на пешачките премини, какви што има насекаде низ Скопје, честопати се причина за несреќи. Локалното население знае каде се наоѓаат тие премини и таму ја поминува улицата преку невидливите зебри, но возачите што не ја познаваат улицата, а возат брзо, не ги забележуваат зебрите, не ја намалуваат брзината и тогаш пешаците се во опасност. Затоа, на Скопје му е неопходно ново боење на пешачките премини речиси на сите улици. Она што се прашуваат и сега го коментираат граѓаните е до кога ќе биде забележлива и оддалеку воочлива белата боја на новообележаните сообраќајници и на новоасфалтираните…
Комуналните работници под скопското Кале фатиле група на луѓе кои што палеле кабли, објавија од Инспекторатот на Град Скопје. Раководителот на Инспекторатот на Град Скопје, Мирослав Богдановски на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави фотографии од сторителите кои што, како што вели Богдановски биле соодветно казнети. Во околината на Скопје палењето на кабли е честа пракса - каблите се палат за потоа да бидат продадени за старо железо. Сепак, и покрај зајакнати контроли, сторителите ретко се фаќаат и казнуваат, иако со своето крајно несовесно однесување го загадуваат воздухот, а можат да предизвикаат и пожар. Од Пожарна Скопје исто така…
На 20.08.2019 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 17.40 часот во Аква паркот при Спортскиот центар „Борис Трајковски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.И.(22), Н.Б.(23), и Б.Н.(23), сите од Скопје, од една страна и Г.Р.(21), Р.Ш.(25), А.С.(19), Р.З.(19), Е.М.(19), С.К.(20) и Л.Ш.(21) сите од Скопје, од друга страна. Лицата биле приведени во Полициската станица Карпош и сочинети се записници за констатиран прекршок член 11 став од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Корисници на социјалната мрежа „Фејсбук“ денеска споделија видеа од инцидент кој се одвивал во скопскиот трговски центар „Лептокарија“. Од објавеното видео може да се заклучи дека станува збор за расправија меѓу двајца Азијати, момче и девојка, од една страна и трето лице од друга страна.   На видеата може да се забележи како тие двајца во обид да се пресметаат со момчето, го бркаат низ уличките на трговскиот центар, замавнуваат со сатарот кон него и го гаѓаат со картонски кутии полни со ѓубре. За настанот и дали има повредени сè уште нема официјални информации.
Од општина Аеродром најавуваат дека се предомислуваат за договорот со приватната маркетинг агенција, за кој бурно реагираа аеродромци дека е непотребен и скап. Имено, општината ја известува јавноста дека врз основа на јавниот интерес и принципите за рационалност и економичност ќе го преиспита сукцесивниот Договор со приватна маркетинг-агенција. – Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните ќе биде преиспитана исклучиво врз точно одредување на јавниот интерес и критериумите за одговорни јавни комуникации, се навадува во соопштението од општината. Општинското раководство посочува дека ова ќе значи одговорно трошење на парите на граѓаните, економичност и рационалност, интегритет…
Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголемиот број испитаници, односно речиси половината, се изјасниле дека најмалку за Скопје направил актуелниот градоначалник Петре Шилегов. Во резултатите од анкетата сепак, треба да се земе предвид дека Шилегов е градоначалник само година и половина, за разлика од Коце Трајановски и Ристо Пенов, кои беа на градоначалничките функции два мандати.   Според резултатите од анкетата, 8,4 проценти од испитаниците се изјасниле дека Ристо Пенов, кој беше градоначалник на Скопје од 1996 до 2005 година направил најмалку за градот. За Трифун Костовски,…
Top