Ќе се забрани движење на приватни возила на Водно за време на викенд

За зголемување на безбедноста на посетителите, а воедно и поголема заштита на Парк шумата Водно, предлагам забрана на движење на приватните возила за време на викендите, ова денес го објави на својот фејсбук профил Коце Трајановски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО ДПМНЕ.

За реализација на проектот ќе се обезбеди бесплатно паркирање на паркинг-просторот пред НИП „Нова Македонија“ и во катната гаража „Македонска фаланга“, а ЈСП ќе обезбеди поредовни автобуски линии до Средно Водно и назад, додаде Трајановски во објавата.

loading...