Loyal Green и urban lab 1 се победници на Скопски автобуски хакатон

„Loyal Green“ и „urban lab 1“ се двата тима кои победија на хакатонот за создавање идејни решенија за скопска автобуска постојка и популаризација на линиите, организиран од Фондот за иновации и технолошки развој и ЈСП. Победниците беа прогласени откако 24 часа поминаа во создавање на решенијата со помош на менторирање.

Решението на победникот „Loyal Green“ предвидува наградување на патниците кои нема да се качат во преполните автобуси. Ова секако подразбира дека патникот има време за чекање. Мобилната апликација му овозможува да погледа колку време е до најблиските автобуси и колку поени му носат. Колку повеќе празни места толку повеќе поени. Овие поени понатаму би можеле да се потрошат на попусти и на автобуски билети. Освен автобуски превоз во решението е интегрирана и Social Car, па патниците можат да патуваат и со автомобили.

Тимот на „urban lab 1“ е добитник на наградата за најдобар дизајн. Нивната автобуска станица ќе биде поставена на „Рекорд“.

Освен Фондот за иновации и технолошки развој, „Скопски автобуски хакатон“ е организиран во партнерство со: Град Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), ФИНКИ од Скопје, Техничкиот факултет од Битола, Технолошки Парк (SEEUTechPark), Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.

Top