Лифтот да се тргне од ГТЦ, архитектите бесни

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) Мартин Пановски смета дека лифтот треба да се тргне од ГТЦ, а Општина Центар не требало да даде согласност за проектот кој бил доставен до нив, бидејќи објектот е достапен за лица со посебни потреби и без овој лифт.

- Дали имаат добиено решение за поставување на лифт не знам. За поставување лифт за олеснување на пристап на лица со посебни потреби не е потребна градежна дозвола, но е потребно да се поднесе проект и да се добие согласност од Општината. Доколку постои такво решение, референтите во Општина Центар не требало го издадат бидејќи ГТЦ веќе е пристапен за лица со посебни потреби. Објектот и да не е пристапен, а è, референтите требало да оценат дека лифтот е поставен на најидиотското можно место и да го вратат проектот за да се најде ново решение. Но, изгледа некому му треба лифт точно тука и очигледно не ја согледуваме крајната идеја. Сепак станува збор за тераси, јавен простор во епицентар на главен град на држава, кој најверојатно некој сака да го зграби. Друго логично објаснување би било дека станува збор за некадарни игноранти“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК Мартин Пановски.

Архитектката Даница Павловска – Циги, која е дел од иницијативата „Го сакам ГТЦ“, повикува на разумност и реакции од надлежните. Потенцира дека уште од првиот ден кога се прошири фотографијата за лифтот, за неа било разочарувачки што некој се осудил да доградува кај ГТЦ, до симболот што го гушкаа илјадници граѓани.

Лифтот да се тргне од ГТЦ, архитектите бесни

- За да функционира лифтот, срушена е бетонската ограда од самиот објект на ГТЦ. Така да, целата постапка има повеќе димензии. Да не зборуваме за авторски права, посегнување по нешто што е неприкосновено – ГТЦ како комплекс, структура и систем. Ако менаџерскиот тим смета дека ова е некој приоритет, тогаш, веќе им реков дека страшно многу грешат. Пред се’, сметам дека како стопански субјекти, како одговорни лица – не смееле да прават дивоградба. Одобруваа на она што го говорев, дури ми рекоа дека се стопирани. Грешката е направена, ужасна е, но може да се поправи, вели таа за Радио МОФ.

primer 8

Top